Знаеме што се случува таму надвор. Знаеме како изгледаат сообраќајните незгоди. Затоа правиме толку многу дополнителни тестови што не се бараат според законот.

Карл Јохан Алмквист

Директор за безбедност во сообраќајот и производите, Volvo Trucks

Вложување дополнителни напори со нашите тестови за безбедност: видео

Внатрешност

Ноќен режим на Volvo FH

Со ноќниот режим, возачите имаат опција веднаш да ги исклучат сите непотребни заднински светла на контролниот пулт со притискање на едно копче. Резултатот е помалку отсјај во видното поле на возачот и помалку одвлечено внимание од рефлексиите на ветробранот и страничните ретровизори. Најмногу одговара за возачите на долги релации при ноќно возење и при враќање наназад и маневрирање во тешки временски услови или сложена околина, како при прикачување или откачување приколки.

Отвор за безбедност на Volvo FH

ОТВОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Секој Volvo FH16 има голем светларник којшто функционира и како отвор за случај на потреба. Исто така, дава светла и пространа кабина што ви помага да останете внимателни и фокусирани на патот.

Сигурносен појас на Volvo FH

СИГУРНОСЕН ПОЈАС

Околу половина од сите смртни случаи во камионите може да се избегнат со носење сигурносен појас, факт што вреди да се запомни следниот пат кога ќе тргнете на пат.

Надворешност

Систем за предна заштита од навлегување под камион на Vovo FH16

Систем за предна заштита од навлегување под камион

Апсорбира дел од силата при судир со повлекување наназад под камионот. Сега е направен од полесни и поцврсти материјали и е ефективен при уште поголеми брзини. 

Надворешно осветлување на Volvo FH16

Светла

Интегриравме предни позициони светла и светла за дневно возење. Како резултат на тоа, единицата овозможува интелигентно осветлување од компактен пакет.

Ретровизори и прозорци на Volvo FH16

Ретровизори и видливост

Дизајнирана е палета на паметни функции што им даваат реално чувство од 360 степени видливост на нашите возачи. А големите прозорци и ретровизори му даваат брилијантно покривање на FH16.

СИСТЕМИ ЗА АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ

Вашиот камион ќе ви помогне. Накратко прегледајте ги системите за активна безбедност што се користат во Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер

ВИДЕТЕ ЈА БЕЗБЕДНОСТА ОД ПРВА РАКА

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви ја покаже секоја извонредна безбедносна одлика и да одговори на сите прашања што ги имате во врска со безбедноста.

Најдете го вашиот локален дилер