Кривата на вртежен момент на дизел-моторот

Поглднете ги нашите криви

Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Екстремно широк опсег на максимален вртежен момент. И врвен вртежен момент кој се преклопува со врвната моќност во средниот опсег на бројот на вртежи. Споредете ги нашите криви на вртежниот момент и ќе ја видите разликата. Качете се во кабината и ќе го почувствувате – неверојатно забрзување, ненадмината влечна сила и пријатно возење со ефикасно искористување на горивото при голема брзина. 

 

Погледнете ги комплетните спецификации на погонската група

Ефикасната потрошувачка на гориво ви става пари во џебот, а придонесува и за одржливоста

Моќ за вашиот бизнис

Огромната моќност и широкиот опсег на максимален вртежен момент на моторот D16 значи дека FH16 може да изведува навистина тешки задачи со највисоко ниво на продуктивност. Вашиот краен резултат ќе ги има придобивките. 

Моторната сопирачка VEB+ со нејзиниот единствен дизајн на оската со брегови

Моторна сопирачка на Volvo – VEB+

Нашата патентирана моторна сопирачка, VEB+, користи единствен дизајн на оската со брегови за да апсорбира до 470 kW (639 КС) на D16. Кога е споена со нашиот систем на трансмисија I-Shift и паметниот темпомат, можете да одржувате поголеми просечни брзини без нарушување на безбедноста или економијата на горивото.

Почисти, поеколошки мотори

Со нашиот мотор кој ги исполнува барањата за EURO 6 step C, уште повеќе се доближивме до почист транспорт и намалено влијание врз животната средина. Перформансите се исти, само потрошувачката на гориво е помала. 

Нашето решение за Euro 6: преглед

Како делува нашето решение за Euro 6

1. Мотор 
Новите компоненти на моторот го подобруваат протокот на гасовите и обезбедат издувните гасови да стасаат до системот за пост-третман со оптимална температура.

2. Седми инјектор
Специјален дизел инјектор се користи за управување со топлината на DOC и ја гарантира ефикасноста на DPF и добрата функционалност на SCR.

3. Дизел оксидациски катализатор (DOC)
Дизел оксидациски катализатор2 потребен за DPF ефикасно да ги согори честичките. Во студени услови тој ја обезбедува и топлината потребна за обновување.

4. Филтер за дизел-честички (DPF)
Филтерот ги собира и ги чува честичките (PM) додека не согорат за време на регенерацијата. Регенерацијата настанува автоматски – не мора да преземете никакво дејство.

5. Селективна каталитичка редукција (SCR)
Во зоната на мешање, издувните гасови се прскаат со AdBlue. Кога азотните оксиди (NO2) ќе дојдат до катализаторот, тие ефикасно се трансформираат во безопасен гасовит азот и вода.

6. Катализатор на неизреагиран амонијак (ASC)
Последниот чекор пред издувната цевка каде се отстранува преостанатиот амонијак (NH3), доколку го има.

Коњски сили на Volvo FH16

Изберете ги коњските сили

Одберете од четирите различни моќности за вашиот Volvo FH16. 

Најдете го вашиот локален дилер

Повеќе погон Намалено гориво

Искусете ја моќноста и ефикасноста на нашиот опсег мотори кај локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер