Новиот Volvo FH LNG
со погон на гас
Исти перформанси
20% помалку CO2
Иста управливост
20% помалку CO2
Иста продуктивност
20% помалку CO2
Исти интервали на сервисирање
20% помалку CO2
Volvo FH. Но 20% помалку CO2
Камион за тежок регионален транспорт и транспорт на долги релации. Што вози и функционира исто како Volvo FH што го познавате. Но со помала трага плус потенцијал за помали трошоци за гориво. И нема потреба да правите компромис ниту со управливоста ниту со продуктивноста.
Euro 6 step C ● 420 КС/2100 Nm или 460 КС/2300 Nm ● I-Shift ● Влечно возило или соло-камион ● 4×2, 6×2 или 6×4 ● Работен опсег до 1.000 km
Пет главни причини да го изберете Volvo FH LNG
Нема ниту еден друг камион како овој на пазарот. Погледнете што го прави единствен и зошто тој е одличен избор за вашиот бизнис и за животната средина.
* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“.
Како функционира?
Користењето возила што се полнат со гас не само што ќе ѝ помогне на животната средина во голема мера. Туку е и придобивка за нашата компанија преку кратење на директните и индиректните трошоци.Генералниот директор на Monge & C Spa ги споделува неговите големи планови за иднината.
Општеството бара почисти алтернативни горива. ТПГ нуди потенцијал како краткорочно и долгорочно решение со значително помало влијание врз климата.Менаџерот на производи на Volvo Trucks за новите камиони со погон на гас.
Кон нула емисии
Енергетската ефикасност и алтернативните горива се од суштинско значење во нашата стратегија за движење кон одржлив транспорт. Новиот Volvo FH LNG со погон на гас веднаш нуди 20%* намалување на трагите на CO2. А можноста за работа со био-ТПГ значи потенцијално намалување од 100%. Овој камион отвора долгорочни можности за префрлање на обновливи горива – правејќи нè помалку зависни од изворите на фосилна енергија.
Сите овие се значајни чекори кон нашата визија за нула емисии на CO2 и превози што се одржливи – како за животната средина така и за вашиот бизнис.
* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“.
Намалете ги трагите што ги оставате во животната средина
Нашиот калкулатор за оставената трага ви овозможува да погледнете колку можете да го намалите влијанието врз животната средина со нашите нови мотори на ТПГ, задржувајќи ги и понатаму перформансите идентични како на дизел моторите.