Три моќни варијанти за разновидни услови на возење

Однадвор убавец. Ѕвер под хаубата

Токму недостижниот мотор D16K го одвојува Volvo FH16 од останатите камиони на серијата FH. Три моќни варијанти нудат 550, 650 и 750 КС, со вртежен момент до 3.500 Nm. И сите мотори го исполнуваат Euro 6.

Погледнете ги подобро нашите мотори
Наброени истакнувања на дизајнот на Volvo FH16

Дизајн што истакнува повеќе

Ставот, линиите и аеро формите се заеднички за сите камиони во серијата FH. Надворешните детали се подобрени во Volvo FH16. И ексклузивни.

1. Заден прозорец
Формата и затемнувањето на задните странични прозорци го нагласуваат агилниот изглед на кабината.

2. Новото црно
Новата боја на FH16 е темна. Многу темна. Но, под оваа површина има тон кој интригира. Ја нарекуваме Мистичен фјорд. Треба да го видите.

3. Внимание на детали
Суптилните детали ја прават целата разлика. Сатенски хромираниот финиш прави да бидат впечатливи предното скалило, декорацијата на решетката, рачките на вратата и железниот знак на Volvo.

4. Големата решетка 
Препознатливата темно-сребрена решетка остава голем впечаток на секој пат. Ретровизорите и визирите за сонце го имаат истиот врвен изглед.

Внатрешноста на кабината

Редефинирање на комфорот

Ексклузивните одлики на дизајнот продолжуваат и во внатрешноста на кабината на FH16.

Уникатен дизајн на седиштата
Препознатливото возачко седиште има сопствена форма и ткаенина и ѝ дава чувство на вистински врвен квалитет на внатрешноста на кабината. Тапацирот е достапен во кожа или комбинација кожа/платно. Дизајнот на седиштето и користените материјали се ексклузивни за Volvo FH16.

Управувач Raven 
Обложен со темна кожа со контрастни шевови што суптилно одговара на внатрешната декорација, управувачот Raven го дополнува чувството на непречено возење. И единствено е достапен во Volvo FH16. 

Прва класа
Внатрешноста на кабината се одликува со единствени панели на вратите, панели на ѕидовите, хромирани декорации, тапацир на креветот и дополнителни светла на вратата. Заедно, тие создаваат чувство на луксуз во кабината.

Серија FH

Volvo FH16 е најмоќниот камион во серијата FH. Но, во него има многу повеќе од сила. 100% време во возна состојба. Подобрена продуктивност. Недостижна ефикасност на искористување на горивото.

Истражете ги одликите на серијата Volvo FH  > 

Најдете го вашиот локален дилер

Испробајте го

Доколку што било од ова го поттикна вашиот интерес, употребете го Пронаоѓачот на дилери за да дознаете каде може да погледнете еден од камионите. Вашиот локален дилер со задоволство ќе ви го покаже камионот.

Најдете го вашиот локален дилер