Дознајте повеќе за нашиот златен договор за камиони Volvo FH

100% време во возна состојба – со гаранција

Врвен дизајн, извонредно сервисирање и широка мрежа за поддршка. Додајте ја нашата телематичка технологија и Volvo златниот договор и добивате гаранција за 100% време во возна состојба. Тоа значи дека вашиот камион ќе биде достапен секогаш кога ќе ви треба. А ако не е, ќе ви најдеме нов камион, или финансиски ќе ви компензираме.

Зголемете го времето во возна состојба
telematics

ТЕЛЕМАТИЧКА ПОРТА – ВАШ СЕРВИСЕР ВО КАМИОНОТ

Оваа паметна технологија ѝ овозможува на сервисната работилница да ги гледа информациите за моторот, километражата и потрошувачката на гориво. Сервисерите, исто така, можат да ги видат кодовите на грешка и го надгледуваат статусот на критичните компоненти (плочки на сопирачки, спојка, акумулатор, итн.). Ваквото надгледување ги намалува непланираните застои. Тоа, исто така значи дека сервисната работилница е целосно подготвена кога ќе пристигнете, така што ќе се вратите назад на патот во најкратко можно време.

VAS On-Call - услуга кога вие е потребна и каде што ви е потребна

Volvo Action Service On Call – само притиснете го копчето

Непланирано застанување среде пустелија? Притиснете го копчето VAS On Call и автоматски ќе бидете поврзани со оператор кој го зборува вашиот јазик (камионот ја проверува националноста на картичката во дигиталниот тахограф). Операторот ја знае вашата точна локација, идентификацијата на вашата шасија и може да му ги пренесе на сервисерот кои било дијагностички кодови на грешка. Седете мирно, помошта е веќе на пат.

Земете копче VAS
Безбедноста и времето во возна состојба одат рака под рака

Помалку незгоди. Повеќе време во возна состојба

Опседнати сме со безбедноста. Таа е во нашата ДНК. И таа е од првенствена важност кога го дизајнираме секој камион на Volvo. Колку помалку незгоди имате, толку повеќе време вашиот камион (и возачот) се на патот. FH е нашиот најбезбеден Volvo. Воопшто. Тој исто така е преполн со безбедносни одлики за заштита на камионот, возачот и останатите учесници во сообраќајот.

Запознајте го најбезбедниот Volvo на светот
Најдете го вашиот локален дилер

Ви се допаѓа како звучи 100% време во возна состојба?

Локалниот дилер на Volvo Trucks знае сè што треба да се знае за зголемување на времето во возна состојба. Посетете го или повикајте го.

Најдете го вашиот локален дилер