Спецификации на шасијата за Volvo FH

  • Висини на шасијата
  • Максимално оптоварување на предната оска
  • Задно потпирање
  • Висини на спојување, влечни возила
  • Руди
  • Резервоари за гориво
  • Резервоари за AdBlue
  • Седла
  • Индивидуално предно потпирање
  • Volvo динамичко управување
  • Tag-оски
  • Pusher-оски
  • Сопирачки

Висини на шасијата

X-Low (влечно возило) приближно 810 mm
Low приближно 850 mm
Med приближно 900 mm
High приближно 1.000 mm
X-High приближно 1.200 mm

Максимално оптоварување на предна оска (тони)

  Воздушно Листесто
X-Low 7.5 -
Low 8 -
Med 9* 9
High 9 10/18**
X-High - 10/20**
* 8,5 со индивидуално предно потпирање
** Со двојни предни оски (FAA20/FAA21)

Задно потпирање

Тип Оски Потпирање Оптоварување на оска/повеќеосна група Редукција Tag/pusher оски
Единечна          
RAD-L90 4×2 Параболично/со повеќе листови 13 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-GR 4×2 Воздушно 11,5/13 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-G2 4×2 Воздушно (за градежништво) 13 t Во главината на тркалото  
           
Повеќеосна група          
RADT-AR 6×2/8×2 Параболично 19/21 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (фиксна)
RADT-GR 6×2/8×2 Воздушно 19/20,5/22,5/23 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (фиксна/управувана/самонасочувачка)
RAPD-GR 6×2 Воздушно 19/22 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (фиксна/управувана)
RADD-G2 6×4/8×4 Воздушно (за градежништво) 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-BR 6×4/8×4 Параболично 21 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-TR1 6×4/8×4 Параболично/конвенционално листесто 23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-TR2 6×4/8×4 Конвенционално листесто 26/32 t Во главината на тркалото  
RADD-GR 6×4/8×4 Воздушно 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAPDT-GR 8×2 Воздушно 27/30/30,5/31,5/32 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (управувана) + tag-оска (фиксна/управувана)
RADDT-GR 8×4/10×4 Воздушно 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (управувана)
RAPDD-GR 8×4 Воздушно 27/30,5/32/35 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (управувана)
RADDT-G2 8×4/10×4 Воздушно (за градежништво) 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (управувана)

Висини на спојување на седлото

Погон Висина на шасијата Потпирање Висина на рамката Висина 5W* Пневматици Минимална висина на спојување Номинална висина на возење**
4×2 X-Low RAD-GR 266 140 295–55 867 912
  X-low RAD-GR 266 140 295–60 887 932
  Low RAD-GR 266 140 315–60 955 1015
  Med RAD-GR 266 140 315–70 1014 1075
  Med RAD-GR 300 140 315–70 1031 1092
  High RAD-GR 266 140 315–80 1056 1147
  High RAD-GR 300 140 315–80 1090 1164
6×2 Low RADT-GR 266 160 315–60 975 1035
  Med RADT-GR 266 160 315–70 1034 1095
  Med RADT-GR 300 160 315–70 1051 1112
  High RADT-GR 300 150* 315–80 1160 1234
  Med RAPD-GR 266 160 315–70 1034 1095
  Med RAPD-GR 300 160 315–70 1051 1112
  High RAPD-GR 266 160 315–80 1076 1167
  High RAPD-GR 300 160 315–80 1110 1184
6×4 High RADD-GR 300 150* 315–80 1173 1234
8×4 High RAPDD-GR 300 160 315-80 1137 1207
* +60 милиметри висина на монтирање
** Прибл. висини

Влечни куки
Централно монтирана, монтирана половина оддолу и влечна кука монтирана оддолу за приколка со централна оска. Влечните куки може да се поставуваат во чекор од 25 милиметри.

Резервоари за гориво
Алуминиумски и челични резервоари од 150 до 900 литри. Максималниот капацитет за гориво е 1.480 литри за 4×2 влечно возило.

Резервоари AdBlue
Зафатнината од 32 до 100 литри. AdBlue пумпата е интегрирана во модулот на резервоарот за AdBlue. Пластичен.

Седла
Сертифицираната инсталација дозволува оптоварување од 36 тони. Во опсегот е вклучено ISO седло со профили со L-форма на разни висини, со што се нуди значителна слобода на избор. Седлото монтирано со фланша е варијанта со мала тежина бидејќи не бара никаква плоча за прикачување. Висината на седлото над шасијата е околу 140 милиметри. Интегрираното подмачкување и индикаторот за приклученост на приколката се достапни како опција за одредени варијанти.

Сопирачки
EBS (Електронски контролиран систем за сопирање) обезбедува супериорна реакција, перформанси и чувство на сопирање и во исто време обезбедува пристап до голем број пригодни одлики. EBS сега е достапен за диск-сопирачките и за Z-брежестите барабан-сопирачки (за определен опсег на конфигурации на оски и висини на шасијата). Надградете го вашиот систем на сопирање со додавање на пакетот EBS Medium или која било дополнителна опција.

Индивидуално предно потпирање
Индивидуалното предно потпирање овозможува предните тркала да се движат вертикално независно едно од друго, што обезбедува исклучителни карактеристики на управување. Тоа е достапно за конфигурациите 4×2 и 6×2 и има капацитет за товарање од 8,5 тони. Индивидуалното предно потпирање сега може да се комбинира со Volvo динамичко управување.

Volvo динамичко управување
Активен систем на управување со заобиколување на вртежниот момент. Тој обезбедува поголема сила за управување при мали брзини, ги намалува ударите од управувањето и го одржува управувачот право при сопирање на подлога со различна лизгавост. Управувачот автоматски се враќа во неутрална позиција кога возите напред и кога возите наназад.
Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и камионите со двојни предни оски. Тоа сега е достапно и во комбинација со индивидуално предно потпирање.

Кревање на тандем-оската
Овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска од повеќеосната тандем-група за да се намали потрошувачката на гориво и радиусот на свртување. Со притисок на копче на контролниот пулт, возачот може да ја подигне оската кога камионот не е натоварен. Кога камионот е натоварен, оската автоматски се спушта и се вклучува.
Кревање на тандем-оската е достапно за конфигурациите 6×4 и 8×4 (со повеќеосна тандем-група) опремени со диск-сопирачки.

Tag-оски
На располагање во неколку конфигурации – фиксни со единечни или со двојни тркала, самоуправувачки или активно управувани. Оптоварување на оските: 7,5; 9,5 или 10 тони.

Pusher-оски
На располагање се за влечните возила и за соло-камионите во фиксна варијанта и во варијанта со активно управување. Оптоварување на оските: 7,5 или 9 тони.

EBS MEDIUM

EBS контрола на статусот
Следење на статусот на EBS преку електронскиот систем на возилото TEA2+ и алатката Volvo Tech.

Помош за тргнување на нагорнина
Сопирачките се ослободуваат само кога има доволно голем
вртежен момент на моторот да го придвижи возилото нанапред.

Анализа на истрошеноста на облогите
Предупредување за облогите на сопирачките – ја пресметува преостанатата километража што може да се помине со тековните облоги на сопирачките. (Само за диск сопирачки.)

Автоматско ослободување на паркирната сопирачка
Паркирната сопирачка се ослободува кога е селектиран степен на пренос и возачот ќе го притисне
педалот за гас (само за менувачите I-Shift).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ

Сопирачка за развлекување (Stretch Brake)
Овозможува возачот да побара импулсно сопирање на приколката. Потоа сопирачката автоматски се активира и ризикот од превиткување се минимизира.

ESP (Електронска програма за стабилизација)
Системот за стабилност на сопирањето индивидуално ги активира сопирачките на секое тркало, со што обезбедува стабилност за целата комбинација на возила и противдејство на превиткувањето, превртувањето и нишањето на приколката. ESP е сообразен со законодавството за Електронска контрола на стабилноста на возилото и е достапен за возила со 2 и 3 оски.

Светло за алармната сопирачка
При панично сопирање при брзини поголеми од 50 km/h, светлата на сопирачките трепкаат четири пати во секунда.

Хидрауличен забавувач
Компактен забавувач монтиран на менувачот со максимален ефект од 680 kW.

Преземи

Спецификации на шасијата

Преземете ги комплетните спецификации на шасијата како PDF.

Преземи(PDF, 1.9 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Ви се допаѓа? Возете го

Единствениот начин навистина да ја искусите нашата динамична, нова шасија е зад управувачот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер