Знаеме што се случува таму надвор. Знаеме како изгледаат сообраќајните незгоди. Затоа правиме толку многу дополнителни тестови што не се бараат според законот.

Карл Јохан Алмквист

Директор за безбедност во сообраќајот и производите, Volvo Trucks

Вложување дополнителни напори со нашите тестови за безбедност: видео

Поминувајќи го најстрогиот тест за безбедност во светот

Обожаваме да тестираме

Шведски тест за цврстина на кабината. Тест со препрека. Тест на превртување. Тест на лизгање. Тест за челен удар. Нашата широка програма за тестирање докажува дека Volvo FH е најбезбедниот Volvo во светот. И покажува дека имате добра шанса да го преживеете ако се превртите. Или ако удрите во стационарен објект со 80 km/h.

Единствено за Volvo, тестирањето се врши со сите внатрешни елементи поставени и со полни прегради за складирање. Дури и кафематот е тестиран на судир, за да се осигура дека ништо во кабината нема да ве повреди ако имате незгода.

FUPS - Системот за заштита од навлегување под камион однапред

Полесен. Посилен. Побезбеден

Системот за заштита од навлегување под камион однапред, или FUPS, е дизајниран за да ги заштити возачите на автомобили. Ние го претставивме FUPS долго пред да биде задолжителен. И оттогаш, го подобрувавме неговиот дизајн и потенцијалот за спасување животи.

Системот апсорбира дел од силата при судир со повлекување наназад под камионот. Нашиот нов систем е направен од полесни и поцврсти материјали и сега е ефективен при уште поголеми брзини. При судир, FUPS може да се повлече 20 сантиметри – во споредба со претходните 10. Ова го зголемува потенцијалот за спасување животи и помага да се намали траумата со која се соочуваат возачите на камиони после судир.

Светларникот на FH

Вграден отвор за случај на потреба

Половината од сите незгоди на камиони завршуваат со превртено возило на страна. Излегувањето од вратата може да биде екстремно тешко. А кога ветробранот е залепен, не постои опција тој да се исфрли. Токму затоа секој Volvo FH има голем светларник којшто функционира и како отвор за случај на потреба.

Исто така, светларникот ја исполнува кабината со природна светлина. Светлата, пространа кабина ви помага да останете внимателни и фокусирани на патот. Тој исто така ја подобрува добросостојбата и ја намалува потребата за електрично осветлување.

Размислувањето во врска со светларникот е едноставно и типично за Volvo. Да се дизајнира нешто што ќе помага во спречувањето незгоди и ќе спасува човечки животи во итни случаи.

Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте да ја ставите безбедноста на прво место?

Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да ви објасни за секоја од восхитувачките безбедносни одлики на Volvo FH.

Најдете го вашиот локален дилер