Целосно прилагодлив управувач со променлив агол

Volvo динамичко управување

Управување. Свртување. Постојано нагодување. Движењата се релативно мали, но ефектите што се повторуваат имаат големо влијание на телото. Вратот, грбот и рамената го примаат ударот. Или го примаа. Со Volvo динамичкото управување, можете да го вртите управувачот со еден прст – намалувајќи го уморот на телото до 85%.

Volvo динамичко управување
Избирач I-Shift

I-Shift

Едноставен, сигурен и супер ефикасен, I-Shift го трансформираше превозот со камиони. Нема тешка спојка, нема рачка за влечење и секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано. А, исто така, заштедува до 5 % гориво.

Префрлете се на I-Shift
I-Shift со двојна спојка од страната на моторот

I-Shift со двојна спојка

I-Shift со двојна спојка, инспириран од светот на трки со мотори, ве носи чекор подалеку. Однапред го избира следниот степен на пренос, додека се вози во тековниот степен на пренос. Константниот проток на погон значи дека брзо и лесно ја зголемувате брзината и може да ја одржувате и на ридест терен – зголемувајќи ја вашата продуктивност.

Истражете ја двојната спојка на I-Shift
Единица Work Remote

Товарање приспособено на возачот

Електронски контролираното потпирање го прават товарањето побрзо, полесно и побезбедно. Ги памти висините на разни товарни места. Ја одржува шасијата стабилна. Камионот совршено избалансиран. А доаѓа и со далечинска команда пригодна за користење со ракавици - така што ќе можете да управувате со сè од кабината, или додека слободно се движите околу камионот.

Кабина Globetrotter на Volvo FH, ориентален стил

Совршено опкружување – за работа и одмор

Новата кабина има поголема висина. Дополнителен кубен метар простор. И мноштво иновативни технологии, како I-Park Cool, што ги прават вашите слободни часови тивки и комфорни, исто како и кога сте на должност.

Возачки оддел на Volvo FH

Dynafleet – максимизирајте ја вашата продуктивност

Локации, товари и нивоа. Времиња на возачот. Извештаи за емисии. Потрошувачка на гориво. Dynafleet ви дава податоци во реално време за секој камион што го поседувате, помагајќи ви да ја максимизирате продуктивноста и да донесувате попрофитабилни одлуки.

Гро-план на моторот на Volvo FH

Неверојатна влечна сила

D16 е шампионот во тешка категорија за превоз на долги релации. 750 коњски сили. Вртежен момент од 3.550 Nm. А 90% од него се достапни за миг. Моторот е надобар при превоз на тешки товари по ридести терени. Ако ви треба погон за да бидете продуктивни, ќе направи и вам да ви биде добро.

Најдете го вашиот локален дилер

Бидете попродуктивни

Разговарајте со локалниот дилер на Volvo Trucks. Тие ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од секој километар.

Најдете го вашиот локален дилер