Како I-Shift со двојна спојка ѝ помага на италијанската транспортна компанија Sartori да штеди гориво на тешките планински патишта

Во северните планински региони на Италија, семејната транспортна компанија Sartori Trasporti има потреба од возила кои ги комбинираат високите перформанси со малата потрошувачка на горивото. Со Volvo FH со I-Shift со двојна спојка, тие можеби го пронајдоа совршеното решение.

Основачот на Sartori Trasporti, Џорџо (лево), со неговата ќерка Кристијана, синот Енрико (десно) и сопругот на Кристијана, Федерико.

Кога Џорџо Сартори, старешината на компанијата Sartori, пред педесет години го започна бизнисот со деловно возило со три тркала, тоа беше само од страст кон камионите. Набрзо, тој стапи во контакт со компаниите на кои им требаше помош за превоз на делови од мотор и кожа и оттогаш тој воспостави силна соработка со најпрестижните италијански и меѓународни брендови за луксузни кожни производи.

Sartori Trasporti работи во Италија и главно вози помеѓу областа околу Виченца, каде што се наоѓа нејзиното седиште и Тоскана, каде што доставува стоки до нејзините клиенти.

Sartori Trasporti работи во Италија и главно вози помеѓу областа околу Виченца, каде што се наоѓа нејзиното седиште и Тоскана, каде што доставува стоки до нејзините клиенти.

Денес, Џорџо ја води компанијата заедно со неговиот син Енрико, кој е одговорен за возниот парк, одржувањето и логистиката на превозот, како и со неговата ќерка Кристијана која се грижи за планирање и администрација. Федерико, сопругот на Кристијана, исто така е вклучен во бизнисот на компанијата и членовите на семејството поминуваат голем дел од нивното време во главното седиште во Арцињано.

„Мислам дека водењето семеен бизнис е голема предност, особено ако сте сплотени како што сме ние. Нормално, постојат 'лоши' моменти, но сепак бизнисот секогаш оди напред без премногу тешкотии“, рече Џорџо Сартори.

Од нејзиното основање, Sartori Trasporti е цврсто фокусирана на квалитетот, прецизноста и точноста и речиси од самиот почеток започна да ги користи камионите на Volvo Trucks за нивните испораки. Денес, нивниот возен парк се состои од 29 камиони, од кои 16 се Volvo.

Поради тоа што поминуваме многу планински рути, нам ни се потребни возила кои нудат перформанси, но со мала потрошувачка на гориво.

Утрата и раните вечери на локациите на Sartori се екстремно работни кога камионите се товараат или растовараат.

Утрата и раните вечери на локациите на Sartori се екстремно работни кога камионите се товараат или растовараат.

Секој ден, од 6 до 8 часот наутро и на крајот на денот, камионите се редат пред портите на компанијата Sartori за операциите на товарање и растоварање на товарот. Тоа е импресивна врвулица од виљушкари кои потсетуваат на лет на колибри, од магацинот до платформите на полуприколките што чекаат. Синот Енрико е тој што ја надгледува оваа деликатна фаза на товарање и растоварање на камионите, заедно со Федерико, неговиот зет.

„Ги товараме нашите камиони в зори, бидејќи треба рано да заминат за да ја поминат далечината колку што е можно побрзо, со цел да ги задоволиме барањата во складиштата на нашите клиенти. Исто така, имаме возачи кои патуваат само во текот на ноќта: тие тргнуваат навечер и стигнуваат на нивните дестинации наутро.“

Исто како татко му, Енрико е вљубеник во камионите со страст за технологија. Тој со голем интерес ги следи сите иновации предложени од Volvo Trucks и е многу задоволен со најновите набавки, два камиони Volvo FH со I-Shift со двојна спојка кои се покажале како апсолутно совршени за нивата рута во Тоскана. 

Sartori Trasporti забележа значителна заштеда на горивото со користењето на I-Shift со двојна спојка при возење на ридести терени. Двојната спојка е најдобра тука, затоа што со брзото, вешто менување на степените на пренос, не се губи бројот на вртежите на моторот.

Sartori Trasporti забележа значителна заштеда на горивото со користењето на I-Shift со двојна спојка при возење на ридести терени. Двојната спојка е најдобра тука, затоа што со брзото, вешто менување на степените на пренос, не се губи бројот на вртежите на моторот.

 

„За мене, перформансите се 50 проценти од заработувачката на возилото. Сепак, ова оди рака под рака со потрошувачката на гориво која мора да биде конзистентна. Поради тоа што поминуваме многу планински рути, нам ни се потребни возила кои нудат перформанси, но со мала потрошувачка на гориво. Благодарение на најновиот менувач со двојна спојка, проценивме дека имаме 3 проценти намалување на трошоците за гориво во споредба со претходната верзија!“

Со конкретни бројки тоа значи дека камионите со двојна спојка, кои патуваат 150.000 километри, сега овозможуваат Sartori Trasporti да смета на заштеда од 2.500 евра за дизел гориво на крајот на годината. Но, тоа носи придобивки за нивниот бизнис и на други начини. 

Камионите на Sartori Transporti обично патуваат 150.000 километри годишно. Со I-Shift со двојна спојка, тие проценуваат дека секој камион заштедува 2.500 евра годишно во гориво.

Камионите на Sartori Transporti обично патуваат 150.000 километри годишно. Со I-Shift со двојна спојка, тие проценуваат дека секој камион заштедува 2.500 евра годишно во гориво.

 

„По само шест месеци, ние проценивме дека имаме дополнителни заштеди во целата погонска група на возилата, со мало зголемување на просечната брзина и помало трошење на пневматиците, благодарение на стабилниот вртежен момент на моторот. Моментално, тестираме пневматици со кои ќе можеме да поминеме 400.000 km“, вели Енрико.

Бизнисот на Сартори моментално цвета, но не секогаш му било лесно на семејството, особено не за време на финансиската криза што ја погоди Италија пред неколку години. За среќа, семејството имаше свои магацини и не мораше да плаќа закуп, па заедно со своите клиенти беа во можност успешно да се справат со тој тежок период.

Таткото Џорџо на градилиштето во новото седиште на Sartori.

Таткото Џорџо на градилиштето во новото седиште на Sartori.

„Со оглед на фактот дека нашите финансиски тешкотии беа поврзани со нивните, ние заеднички работевме. Поврзаноста што ја имаме со некои од нив е долгорочна, затоа што тие започнаа да работат со татко ми. Ова предизвика спирала на пораст и фундаментална идеја за меѓусебна помош“, објаснува Кристијана Сартори.

Денес, финансиската криза изгледа далечна и присутни се сите услови за натамошен раст на нивниот семеен бизнис. Семејството Сартори веќе инвестира во нивната иднина со градење ново седиште близу до Арцињано, во која ќе биде сместена здружената компанија од Sartori Trasporti и Velo Trans SRL, компанија во која семејството има 51 процент сопственост.

„Здружувањето на нашите две компании да работат на заедно на простор од повеќе од 10.000 квадратни метри ќе ја олесни нашата работа, ќе ги оптимизира просторот и ресурсите и уште повеќе ќе ги подобри услугите што ги обезбедуваме. Планираме да се преселиме следната пролет“, рече Џорџо Сартори, задоволно насмевнувајќи се.

SARTORI TRASPORTI SRL

Основана: 1966.
Сопственост: Џорџо Сартори. Семејството Сартори исто така поседува 51 процент од транспортната компанија Velo Trans SRL.
Седиште: Арцињано, Виченца.
Број на вработени 36, (вклучувајќи ги возачите).
Задачи: Превоз на стоки за трети страни, особено кожа од секаков вид, хемиски производи, текстил и машини. Компанијата има сертификат UNI EN ISO 9001:2008 од 1996 година.
Број на камиони на Volvo: 16.
Одлики: Сите влечни возила од најновата генерација на Volvo се опремени со I-Shift со двојна спојка, кабини со двојни кревети и напредни спецификации (Volvo динамичко управување, Поддршка за останување на лентата и Предупредување за можна незгода со Emergency Brake).
Потрошувачка на гориво: 35 литри/100 km на релации до Тоскана - 28 литри/100 km на релации до Кампања.
Пазарот: Sartori Trasporti работи во Италија и главно вози помеѓу областа околу Виченца, каде што се наоѓа нејзиното седиште и Тоскана, каде што доставува стоки до нејзините клиенти. Со оглед на тоа што компанијата доставува и хемикалии за подготовка на кожа во различни фабрики, таа речиси никогаш не вози со празни приколки.