Нашиот опстанок како компанија зависи од ниска потрошувачка на гориво, обучени возачи и камиони со високи перформанси

Со помош на обуки за возачи, посебни стимулации и инвестирање во најновите камиони и технологии, полската транспортна компанија Jastim ја намали потрошувачката на гориво до нивоа што претходно се сметаа за невозможни.

Новите камиони Volvo FH со мотори што ги исполнуваат барањата за Euro 6 C комбинирани со најновите аеродинамички подобрувања ѝ помогнаа на компанијата Jastim да ја намали потрошувачката на гориво за илјадници литри.

Новите камиони Volvo FH со мотори што ги исполнуваат барањата за Euro 6 C комбинирани со најновите аеродинамички подобрувања ѝ помогнаа на компанијата Jastim да ја намали потрошувачката на гориво за илјадници литри.

Сообраќајниот метеж е далеку од идеално место за заштеда на гориво, но искусните, добро обучени возачи знаат како да заштедат.

Сообраќајниот метеж е далеку од идеално место за заштеда на гориво, но искусните, добро обучени возачи знаат како да заштедат.

Во предградијата на Варшава во Полска, возачот на камиони Роберт Сек полека се движи низ сообраќајот со неговиот Volvo FH. За некој кој се гордее со неговите возачки вештини за ефикасно искористување на горивото, тоа е фрустрирачка ситуација. „Ова не е добра позиција“, вели тој додека забрзува по уште едно застанување на семафор. „Но, дури и тука можете да заштедите многу гориво ако возите рамномерно и со подобро предвидување, одржувајќи го растојанието до возилата пред вас“. 

Роберт Сек е возач на камиони повеќе од 20 години и е еден од возачите на Jastim кои најефикасно го искористуваат горивото со просечна потрошувачка од 24 литри на 100 km. За возврат, тој редовно е наградуван според програмата за стимулација на заштеда на гориво, којашто беше воведена во Jastim пред неколку години. Секој возач кој ќе успее да ја задржи потрошувачката на гориво под 28 литри добива 300 злоти (70 ЕУР) и дополнителни 100 злоти за секој дополнителен заштеден литар.

Роберт Сек е возач на камиони повеќе од 20 години и е еден од возачите на Jastim со најефикасно искористување на горивото.

Роберт Сек е возач на камиони повеќе од 20 години и е еден од возачите на Jastim со најефикасно искористување на горивото.

Програмата е само една од мноштвото иницијативи кои ги воведе Jastim за да се помогне да се намали потрошувачката на гориво во целиот возен парк на компанијата. Другите иницијативи вклучуваат инвестирање во нови камиони и технологија. Најновите возила на Jastim се опремени со новиот мотор на Volvo Trucks што ги исполнува барањата за Euro 6 C и со најновите аеродинамички подобрувања, оптимизирани за камиони што возат во константен опсег на брзини од 60 – 90 километри на час. Заедно со моторот што ги исполнува барањата за Euro 6 C, новите аеродинамички подобрувања можат да обезбедат заштеда на гориво до дополнителни три проценти за превоз на долги релации и регионален превоз.

Денес, гледаме нивоа на потрошувачка што беа незамисливи пред само 3 – 4 години. Сега, тоа е само рутина.

„Заинтересирани сме за секој нов технолошки развој“, вели Јацек Словински, сопственик на Jastim. „Според количеството гориво што го трошиме секој месец, дополнителната заштеда на горивото до три проценти кај нас одговара на илјадници литри“.

Горивото сочинува значителен дел од трошоците на која било транспортна компанија, честопати до третина од трошоците, но за Jastim, беше во прашање самиот опстанок на компанијата. „Факт е дека немавме избор“, додава Јацек Словински. „Денес не можеме да си дозволиме да имаме ниво на потрошувачка на гориво како пред три години, која изнесуваше 31 – 32 литри. Тоа ќе нè исфрли од пазарот“.

Јацек Словински, сопственик на Jastim, успешно ја намали потрошувачката на гориво со инвестирање во нови камиони, нова технологија и обуки за возачите.

Јацек Словински, сопственик на Jastim, успешно ја намали потрошувачката на гориво со инвестирање во нови камиони, нова технологија и обуки за возачите.

Jastim многу рано сфати дека кога станува збор за потрошувачка на гориво, возачите се исто толку важни како и камионите и затоа беше воведена шемата за доделување бонуси. „Појаснивме дека егзистенцијата на нашата компанија зависеше од намалувањето на потрошувачката на гориво“, рече Јацек Словински. „Но, исто така од почетокот појаснивме дека, ние, како компанија сакавме да поделиме дел од тие заштеди со нашите возачи. Не можевме да очекуваме од нив да возат со ефикасно искористување на горивото ако компанијата ги задржуваше сите добивки“.   

Истовремено, за поголема поддршка на нејзините возачи, Jastim инвестираше и во обука за возачите и секој возач на кој му е доделен камион на Volvo го посетува курсот Eco Driving на Volvo. Како резултат на тоа, сите возачи на Volvo ги постигнуваат нивните цели и ги исполнуваат критериумите за месечен бонус.

„Во текот на курсот, возачите покрај возењето со ефикасна потрошувачка на горивото учат и како соодветно да се грижат за камионот, што за возврат обезбедува работење без грешка“, вели Томаж Вроблевски, менаџерот на возниот парк во Jastim. „Ова значи подобра профитабилност за компанијата и повеќе пари за возачите во форма на бонуси од заштедата“.

Варшава, главниот град на Полска и локацијата на седиштето на Jastim. Многу од нивните клиенти сакаат Jastim постојано да ја намалува потрошувачката на гориво.

Варшава, главниот град на Полска и локацијата на седиштето на Jastim. Многу од нивните клиенти сакаат Jastim постојано да ја намалува потрошувачката на гориво.

Придобивките не се само финансиски. Трите најголеми клиенти на Jastim се: Schenker, IKEA и DHL, а тие придаваат голема важност на прашањата за животната средина и затоа ги притискаат нивните снабдувачи постојано да ја намалуваат својата потрошувачка на гориво. Најновите заштеди постигнати преку нови возила и обука за возачи ѝ помогнаа на компанијата да ги исполни високите очекувања на нејзините клиенти.

Вратен на отворен пат, Роберт Сек сега слободно се движи по автопатот. Токму тука тој може да ги користи придобивките од неговата обука за возачи и од одликите на Volvo FH, како што се темпоматот, I-See и моторот со 500 КС кој ги исполнува барањата за Euro 6 C. Тој брзо се приближува до 85 km/час, што, како што знае од неговата обука, е оптималната брзина за превози на долги релации, затоа што високите перформанси се комбинираат со минимална потрошувачка на горивото. Одржувањето рамномерна брзина е клучен фактор за успех.

„Моторот е толку силен што можете да возите со повисок степен на пренос од оној што го избира автоматскиот менувач, резултирајќи во огромни заштеди на гориво“, вели Роберт Сек, објаснувајќи ја неговата техника на возење. „Со интелигентниот механизам на темпоматот, можете да го ставите менувачот во неутрална положба кога возите надолу, така што камионот слободно ќе се движи и ќе користи гориво минимално“. 

По инвестицијата во нови камиони Volvo FH и обуката за возачи пред три години, просечната потрошувачка на гориво на Jastim се намали од 32 литри на 26 литри на 100 километри.

По инвестицијата во нови камиони Volvo FH и обуката за возачи пред три години, просечната потрошувачка на гориво на Jastim се намали од 32 литри на 26 литри на 100 километри.

 

Ова е совршен пример за тоа како комбинацијата од најмодерна технологија и вешти возачи резултира со оптимална потрошувачка на горивото. Исто така, тоа е причината зошто просечната потрошувачка на Jastim се намали од речиси 32 литри на 26 литри на 100 километри. Просекот на најдобрите возачи, како што е Роберт Сек, е 24 литри. „Денес, гледаме нивоа на потрошувачка што беа незамисливи пред само 3 – 4 години“, вели Јацек Словински. „Сега, тоа е само рутина“.

JASTIM

Основана: 1999
Сопственост: Јацек Славински
Седиште: Варшава, Полска
Број на вработени: 94, вклучувајќи 70 возачи
Задачи: Превоз и шпедиција на домашен и меѓународен товар. Во моментов, Jastim има околу 200 клиенти, а трите најголеми клиенти се DB Schenker, DHL и IKEA.
Volvo камиони во возниот парк: 4 Volvo FH 500 и 21 Volvo FH 460.
Спецификации на камионот: Volvo FH со кабина Globetrotter, мотор D13K500 со Euro 6 step C, менувач I-Shift од генерација F со пакет за економија на горивото, вклучувајќи I-See, Предупредување за можна незгода со Emergency Brake и Поддршка за останување на лентата.
Потрошувачка на гориво: 26 литри/100km – намалување од 32 литри/100 km пред четири години.
Обука на возач: Сите возачи мора да посетуваат обука најмалку еднаш годишно. Обуките за возачи на камиони Volvo секогаш се изведуваат од страна на Volvo Trucks во Полска.
Други услуги: Jastim користи Dynafleet во нивните камиони од Volvo. Компанијата ги зема камионите на лизинг преку финансиските услуги на Volvo за период помеѓу 3 – 4 години.