ОДРЖУВАЈТЕ БРЗИНА. ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО

Истовремено одржување брзина со штедење гориво. Тоа е тешка работа за балансирање. Ги разбираме вашите дневни предизвици за навремена достава и контрола на трошоците. Затоа развивме уникатен погонски систем што обезбедува зголемена ефикасност. И подобрена ефикасност во искористувањето на горивото.

Вашата профитабилност е клучна за нашето размислување. Со зголемување на просечната брзина, ќе бидете во можност да ја подобрите вашата продуктивност. Како и профитабилноста на вашите клиенти. Истовремено, заштедувате гориво и го намалувате влијанието врз животната средина.

Звучи лесно? Продолжете со читање.

Volvo FH што користи темпомат на пат

Заштедете гориво сега

Возач на камион седи во внатрешноста на кабината

Направете тест-возење сега

ВРВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ И ГОРИВОТО

Менувач I-Shift со двојна спојка.

I-SHIFT СО ДВОЈНА СПОЈКА – УНИКАТЕН МЕНУВАЧ

Два менувачи во едно. Без прекини во испораката на енергија или вртежниот момент. Поголема просечна брзина. А, сепак намалена потрошувачка на гориво.

Нашиот единствен пренос I-Shift со двојна спојка овозможува помирно, поудобно возење од кога било досега. Беспрекорното менување брзини ги подобрува перформансите на камионот. А, тоа дава и постојан проток на погонот што ќе го трансформира начинот на кој возите и ќе ја зголеми продуктивноста.

I-Shift со двојна спојка со степени на пренос за бавно движење

ПОДОБРА СТАБИЛНОСТ СО СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС ЗА БАВНО ДВИЖЕЊЕ

I-Shift со степени на пренос за бавно движење. Развиен за тежок транспорт и градежништво. Побрзата стапка на задната оска ви овозможува да ја одржувате брзината на возење со многу пониски вртежи. А, пониските вртежи заштедуваат гориво. Тргнувањето од место со тежок товар тукушто стана многу полесно. Дури и во екстремни услови со товар до 325 тони.

Гро-план на моторот D13 Euro-6 на Volvo

ПОВЕЌЕ МОЌНОСТ ПОМАЛКУ ГОРИВО

Поефикасни од кога и да било. Одличен баланс меѓу управливоста и економијата на горивото.

Нашата нова интегрирана погонска група се одликува со подобрен Euro 6 мотор и уникатниот I-Shift со двојна спојка на Volvo. Соодносот на компресија е зголемен кај верзиите на D13 мотор со 420 и 460 КС. Исто така, постои и нов оптимизиран турбокомпресор кај варијантите на D13 мотор со 500 и 540 КС.

Неколку подобрувања на моторот и менувачот. Значително подобрување на перформансите и горивото.

Задна оска на Volvo FH

ВИСТИНСКИОТ СООДНОС

Што мислиме со вистинскиот сооднос? Па, се работи за задните оски. Тие се последната врска во ефикасниот синџир кој пренесува енергија од моторот до тркалата на камионот.

Со опремување на нашата задна оска со вистинскиот сооднос за долги дестинации, таа ќе работи во совршена хармонија со нашиот мотор D13 и I-Shift со двојна спојка. Резултатот? Пониски вртежи. Покомфорно возење. И подобра ефикасност во искористувањето на горивото.

Возач со камион Volvo FH

ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР

Се подразбира дека новата технологија придонесува за ефикасна потрошувачка на горивото и за безбедноста. Сепак, постои еден клучен фактор пред сите други. Возачот.

Нашите курсеви се наменети за да создадат подобри возачи. Побезбедни возачи. Поефикасни возачи. Нашите курсеви Развој на возачи и Напредна ефикасна потрошувачка на гориво се фокусираат само на тоа. Профитабилна инвестиција за секоја компанија за превоз.

Комбинирајќи го ова со обуката користејќи го курсот Dynafleet гориво и животна средина е позитивен чекор кон попрофитабилна иднина. За вас. И вашиот бизнис.

Сребрен камион Volvo FH 540 на зајдисонце

I-CRUISE ПОМАГА ДА СЕ ОДРЖУВА СТАБИЛНА БРЗИНА

Интелигентен темпомат. I-Cruise ја приспособува вашата брзината за да се задржи потрошувачката на гориво на пониско ниво. Ова не само што помага за вашата продуктивност со одржување висока просечна брзина, туку, исто така, придонесува за побезбедно, покомфорно возење.

Сребрен Volvo FH 540 што се искачува на рид

СЕКОЈ ПАТ Е ЗАПАМЕТЕН

Кој пат ќе потроши најмалку гориво? I-See ги запомнува и зачувува сите ридови во централната база на податоци. Другите камиони може да го користат бесплатно. Овие информации му овозможуваат на камионот автоматски да реагира на градиенти со цел да се избегне непотребното менување брзини. Не се потребни мапи ниту GPS.

Комбинирајте I-Cruise со I-See и ќе имате верен партнер што штеди гориво.

Приказ одблизу на вентилот за притисок на пневматиците

ПРОВЕРЕТЕ ГО ПРИТИСОКОТ

Притисок на пневматиците. Лесно е да се потцени ефектот што може да го има на вашата профитабилност. Заедно со користењето точно нагодени тркала и оски, правилниот притисок на вашите пневматици може да значи многу за заштедата на гориво и пари на долгорочно ниво.

Икона за исклучување на моторот на Volvo Trucks

ИСКЛУЧЕТЕ И ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО

Мали промени можат да направат голема разлика. Компонентите што ги придвижува моторот трошат гориво кога се во употреба. Воздушни компресори. Пумпа за сервото на управувачот. Па, дури и самиот мотор. Со нивното исклучување кога не се користат се штеди гориво. И пари.

Пневматик што штеди енергија на Volvo Trucks

Пневматици што штедат енергија

Нашите пневматици помагаат да се истакне најдоброто од вашиот камион. На пример, пневматиците 315/70 R22.5 се специјално дизајнирани за превоз на долги релации. Заштеди на гориво што одговараат на вашата задача.

Пакетот за проток на воздух на Volvo Trucks го намалува отпорот на воздухот

ПАКЕТОТ ЗА ПРОТОК НА ВОЗДУХОТ ГО НАМАЛУВА ОТПОРОТ НА ВЕТЕР

Мазната површина ја намалува потрошувачката на гориво. Со помош на тестовите за воздушни тунели имаме прецизно приспособени дефлектори за ветер. Резултатот? Значително помала потрошувачка на гориво.

Volvo Trucks кревање на тандем-оската

ПОДИГНЕТЕ ЈА ПОГОНСКАТА ОСКА

Помал радиус на свртување. Максимална сила на влечење Помала потрошувачка на гориво. Кревање на тандем-оската е уникатна карактеристика за конфигурациите 6x4 или 8x4. Ги комбинира силата на влечење и капацитетот на товарање на погонот на четири тркала со управливоста и ефикасноста на погонот на две тркала.

Кога камионот не е натоварен, едноставно притиснете го копчето за исклучување и кренете ја оската. Штом ќе се натовари повторно, погонската оска автоматски се спушта и се вклучува. Обезбедува максимална сила на влечење и управливост.

Исто така, со исклучувањето на погонската оска кога таа не е потребна, можете дополнително да ја намалите потрошувачката на гориво дури до 4%.

Икона за ново планирање сервиси на Volvo Trucks

НЕМА НЕПЛАНИРАНИ ЗАПИРАЊА

Наше ветување: Максимално време во возна состојба. Нашето иновативно планирање на услугите од далечина го поврзува вашиот камион со работилницата. Точното превентивно одржување заштедува гориво. И го држи вашиот камион на патиштата.

Апликација Dynafleet гориво и животна средина на Volvo Trucks

ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО СО DYNAFLEET

Колку може да биде ефикасна вашата потрошувачка на гориво? Со услугата Dynafleet гориво и животна средина, можете точно да ги следите извршените работи на вашите камиони и возачи.

Резултатот на Ефикасноста во искористување на горивото помага да се подобрат перформансите на возачот. И ја зголемува вашата заработка.

Софтверски пакети на I-Shift за Volvo Trucks

КАКВА САКАТЕ ДА БИДЕ ВАШАТА I-SHIFT?

Направете I-Shift да работи за вашиот бизнис. Постои асортиман на софтверски пакети што одговараат на вашите возачки услови. Превозот на долги релации и економијата на горивото ја подобруваат брзината при возењето. Ова придонесува за ефикасно возење на автопат.

Како функционира

Запознајте се со техничките карактеристики што ја овозможуваат параглајдерската вештина. Се работи за одржување висока просечна брзина со помош на уникатниот погонски систем што обезбедува перформанси без прекин, а сепак со намалена потрошувачка на гориво.

Детални приказни

Како I-Shift со двојна спојка ѝ помага на италијанската транспортна компанија Sartori да штеди гориво на тешките планински патишта

Во северните планински региони на Италија, семејната транспортна компанија Sartori Trasporti има потреба од возила кои ги комбинираат високите перформанси со малата потрошувачка на горивото. Со Volvo FH со I-Shift со двојна спојка, тие можеби го ...

Нашиот опстанок како компанија зависи од ниска потрошувачка на гориво, обучени возачи и камиони со високи перформанси

Со помош на обуки за возачи, посебни стимулации и инвестирање во најновите камиони и технологии, полската транспортна компанија Jastim ја намали потрошувачката на гориво до нивоа што претходно се сметаа за невозможни....