Невидено управување

Обновени структури. Одново проектирано управување. И одлики на шасијата кои прават нов пробив во камионската индустрија. Кога го дизајниравме новиот Volvo FH, не направивме само подобрување на управувањето. Ние го трансформиравме.

Можноста да се вози со совршена контрола и помало напрегање ве прави поефективни. А со тоа побезбедни. Затоа, седнете, врзете се и уживајте во возење камион кој ви дава чувство не поинакво од спортско.

Вистинскиот тест на управувањето се случува кога ќе наидете директно на друг камион, во кривина, со 80 km/h. Во Volvo FH, тоа не е проблем.

Стефан Акселсон

Менаџер – Управување и возење, Volvo Trucks

Индивидуалното предно потпирање и Volvo динамичкото управување се комбинираат за да ви дадат извонредна стабилност, контрола и маневрирање

Одлики први во светот

Две технологии. Две пресвртници во индустријата со камиони. Индивидуално предно потпирање и Volvo динамичко управување ви даваат стабилност и контрола при секоја брзина и го прават маневрирањето толку лесно, што можете да управувате со еден прст. Заедно, тие го креваат управувањето на тешки камиони на ново ниво.

Запознајте го Индивидуалното предно потпирање
Подобреното потпирање на шасијата и амортизерите даваат непречено возење

Сè е оптимизирано

Кога станува збор за управување, малите промени придонесуваат за големи добивки. На Volvo FH му дадовме помоќни и подобро позиционирани пружини за потпирање. И променивме аголот на амортизерите за да ги пренасочиме ударите од шасијата. Сè на сè, нашите оптимизации го подобрија придушувањето на скршнувањето за 100%. И вие добивте цврсто, стабилно и побезбедно возење на секаков пат.

Истражете ги нашите други подобрувања на шасијата
Најдете го вашиот локален дилер

Не мора да ни верувате на збор

Лично искусете го управувањето од светска класа со посета на локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер