Видео што ги објаснува ветувањата на Volvo златниот договор

Клучот е во телематичката порта

Камион на Volvo поврзан преку Телематичка порта

Попаметно планирање сервиси

Со Volvo златниот договор, сервисирањето не го загрозува времето во возна состојба. Телематичката порта ѝ дава пристап на сервисната работилница до податоците за моторот, километражата, потрошувачката на гориво и состојбата на виталните делови додека сте на патот. Тоа значи дека нема да ве повикаме за одржување, сè додека тоа навистина не му е потребно на вашиот камион. Исто така, ќе бидете предупредени за проблем пред да ве тргне од патот, а кога ќе стигнете во сервисната работилница, тие ќе имаат подготвено сè. На тој начин нема да се загуби ниту време, ниту пари.

Сервисер на Volvo на неговото канцелариско биро

Рутинско одржување, од каде и да било

За некои одржувања не треба да се оди на сервис. Со Онлајн можностите, сервисерот може да пристапи далечински до вашиот камион за да ја калибрира покажаната потрошувачка на гориво, големината на резервоарот за гориво (доколку ставивте дополнителен резервоар) и сакуваното ограничување на брзината. Можно е дури и далечинско овозможување на функцијата Индикатор на оптоварувањето. Едноставно застанете покрај патот неколку минути и дозволете му на виртуелниот сервисер да се погрижи за тоа.

Копчето Volvo Action Service

Извонредна помош на патот

Непланирани застанувања се случуваат, затоа Volvo златниот договор вклучува Volvo Action Service On Call. Едноставно притиснете го копчето VAS на пултот и ќе бидете поврзани со оператор кој го зборува вашиот јазик. Тие ќе ја утврдат вашата точна локација и ќе пристапат до дијагностичките кодови на грешка на камионот. За неколку минути ќе биде испратено сервисно возило со вистинскиот механичар, алатки и резервни делови потребни за работата. Без губење време. Без губење ресурси.

Зошто Volvo Action Service е посебен
Најдете го вашиот локален дилер

Фатете го пат. И останете таму

За да дознајте како можете да постигнете 100% време во возна состојба контактирајте го локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер