Видео за тоа како работи Volvo динамичкото управување

Како работи Volvo динамичкото управување

Технологија на управување со ултра брза реакција

Нашата патентирана технологија го комбинира конвенционалното хидраулично серво-управување со електричен мотор поставен на механизмот за управување. Процесирајќи ги влезните податоци од неколку сензори, ECU (електронската контролна единица) одредува каде оди камионот и која е намерата на возачот. Моторот се контролира 2.000 пати секоја секунда и користи принцип наречен „torque overlay“ (заобиколување на вртежниот момент) за да ги поправи ненамерните движења во управувањето и да обезбеди дополнителен вртежен момент кога е потребно. Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и двојните предни оски.

Volvo FH и Volvo FH16 на патот

Прелесно возење при секаква брзина

При големи брзини, Volvo динамичкото управување ве одржува стабилно и точно на патеката. А за време на бавно и внимателно маневрирање, тоа ви ја обезбедува силата за управување, без разлика на товарот. Совршено сме сериозни кога велиме дека можете да го управувате новиот Volvo FH со еден прст.

Возач на камион вози наназад со Volvo динамичкото управување

Наназад. Сега е лесно како и нанапред.

Го симнавме напорот од возењето наназад на целосно натоварен камион. Volvo динамичкото управување ви дава совршена прецизност, управување речиси без напор и автоматски го враќа управувачот во неутрална положба. А со подобрената стабилност на насоката можете да возите наназад повеќе од 100 метри без да скршнете од насоката.

Volvo FH16 со тридем-оски и приколка

Возење право како стрела во секакви услови

Поправките на курсот што ги правите по користење сопирачки на нерамна површина? Не постојат. Удари од дупки, бразди и ознаки на патот? Речиси незабележливи. Volvo динамичкото управување го балансира дури и ефектот од силниот страничен ветер. Олабавете го вашиот стисок на управувачот – камионот ќе ја смени насоката кога вие тоа ќе го посакате.

Volvo FH со приколка на патот

Управување од светска класа

Volvo динамичкото управување е само дел од приказната…

Дознајте за Независното предно потпирање
Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте да го пробате динамичкото возење?

Побарајте го локалниот дилер на Volvo Trucks за да го искусете најлесното тест-возење досега.

Најдете го вашиот локален дилер