Volvo FH на пат во шума

Нашиот најпаметен менувач - сега уште попаметен

Најнапредниот систем на трансмисија на пазарот сега е достапен во уште попаметна верзија: за вистински рамномерно, динамичко забрзување. I-Shift со двојна спојка е првиот систем на трансмисија со двојна спојка за тешки камиони во светот. Инспириран од менувачите од авто-мото трките, I-Shift со двојна спојка го менува степенот на пренос во дел од секундата. Тој дава постојан проток на погонот кој ќе го трансформира начинот на кој возите - и ќе ја зголеми вашата продуктивност.

Volvo FH16 со I-Shift со двојна спојка на пат

Само возете

I-Shift го прави возењето полесно, побезбедно и многу покомфорно. Нема тешка спојка и нема менувач со кој ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано. Едноставноста на системот го намалува заморот на возачот, при што ви помага да се фокусирате на патот и на сообраќајот околу вас. А, ако сакате рачно да го менувате степенот на пренос, копчето на рачката на менувачот ви дава директна контрола врз менувачот.

Влечното возило Volvo FH на патот

Штеди на гориво

I-Shift е дизајниран да штеди гориво – до 5%. Внатрешните загуби на енергија се помали од оние кај рачните менувачи, но, електрониката е таа што всушност ја прави разликата. Секое менување на степенот на пренос е прецизно темпирано. Ова обезбедува моторот да работи во најефикасниот опсег на вртежи, без разлика дали е во economy или performance режим на возење. Дополнително, кога патувате по надолнина, I-Roll го одвојува моторот - максимизирајќи ја инерцијата на камионот и заштедувајќи дополнителни 2% гориво.

Како функционира

Како функционира

I-Shift се базира на „класичниот“ несинхронизиран рачен менувач – оттаму доаѓа неговиот компактен дизајн и малите внатрешни загуби. Сепак, магијата се случува во електронската контролна единица која управува со спојката и менувањето на степените на пренос. Преку проценка на информациите за брзината, масата, стрмнината на патот и потребниот вртежен момент, таа применува крајна прецизност при секое менување на степенот на пренос. Исто така, системот комуницира и со моторот, дозволувајќи му да го нагоди бројот на вртежите и сопирачките за најдобри перформанси.

Засилен за примена во сурови услови

Засилен за примена во сурови услови

Ако возите во екстремно тешки услови, тогаш ќе го цените зајакнатиот I-Shift. Тој е дизајниран исклучиво за опкружувања каде често се качувате или се спуштате по стрмнини поголеми од 10% или возите по екстремно груби терени. Тоа значи дека I-Shift сега е достапен за услови каде рачниот менувач или автоматскиот Powertronic досега беа единствените опции.

melonJS

Подобрена стабилност на ридест терен.

I-Shift тукушто стана уште поразновиден и полесен за возење. Автоматскиот менувач сега е достапен со избор од еден или два степени на пренос за бавно движење, плус дополнителната опција за екстра степени на пренос за движење наназад. Ако превезувате тешки товари, тогаш знаете дека тргнувањето од место понекогаш може да биде тешко, особено на стрмен терен или при лоши услови на патот. Во краен случај може да треба да го истоварите товарот или дури да побарате влечење, што има катастрофален ефект на вашето време во возна состојба и продуктивност. Опремете го вашиот Volvo FH со I-Shift со степени на пренос за бавно движење и ова ќе стане грижа од минатото. Вашата способност за тргнување е драматично подобрена, а напрегањето на спојката е намалено за 75 проценти, чувајќи ве од непотребни поправки.

Намалена потрошувачка на горивото

Движете се бавно, возете штедливо

Дали I-Shift со степените на пренос за бавно движење навистина може да помогнат да се подобри економијата на горивото? Секако. Бидејќи претходно вие често бевте подготвени да ја жртвувате економијата на горивото за способност за стартување. Но, благодарение на степените за пренос за бавно движење, сега можеме да ви специфицираме камион со побрз преносен однос на задна оска што ви овозможува да ја одржувате патната брзина при многу помал број на вртежи кога возите на добри патишта. Тоа ја намалува потрошувачката на гориво за неколку проценти.

Совршена контрола при многу мали брзини

Совршена контрола во секоја насока

Маневрирањето при мала брзина е еден од најпредизвикувачките аспекти во работата. Благодарение на преносниот однос до 32:1 (и до 37:1 за назад), I-Shift со степените на пренос за бавно движење ви овозможува да возите со мали брзини дури и од 0,5 до 2 km/h. Секогаш имате целосна контрола, олеснувајќи го прецизното паркирање кога треба да го товарате и истоварате товарот и да избегнете незгоди што можат да ви го уништат денот и продуктивноста.

Додава на разновидноста на камионот

Кажете да за повеќе работа.

I-Shift со степени за пренос за бавно движење ја дополнува разновидноста на камионот, овозможувајќи ви да го користите истиот камион за мноштво различни услови на возење и задачи. Возите на патот и надвор од патот? Треба да превезувате екстремни товари? Работите на големи надморски височини? Специјални примени со мала брзина? Нема проблем. Модулот со степени на пренос за бавно движење додава само 120 mm на должината и 48 kg на тежината на I-Shift.

I-Shift со двојна спојка – нов начин на возење

I-Shift со двојна спојка – нов начин на возење

I-Shift со двојна спојка е првата трансмисија во светот со систем со двојна спојка за тешки возила, што нуди навистина глатко, динамичко забрзување. Инспириран од менувачите од авто-мото трките, I-Shift со двојна спојка го менува степенот на пренос во дел од секундата. Тој дава постојан проток на погонот што ќе го трансформира начинот на кој возите и ќе ја зголеми продуктивноста.

Возачки комфор и безбедност

Возачки комфор и безбедност

Ако вашите транспортни задачи бараат високи перформанси и често менување на степените на пренос, изберете I-Shift со двојна спојка. Тој обезбедува ненадминат возачки комфор. Вртежниот момент е константен, така што со сигурност можете да менувате степен на пренос среде кривина. А погонот непрекинато се пренесува на тркалата, што значи минимален ризик од заглавување или губење зафат на патот при лизгави услови. Дури и кога сопирате со моторот на надолнина со менување на степенот на пренос надолу, може да бидете сигурни во цврстото и безбедно возење. I-Shift со двојна спојка е достапен за нашите мотори D13K со 460, 500 и 540 КС.

Што додава двојната спојка

Што додава двојната спојка

Трансмисијата со двојна спојка може однапред да го избере следниот степен на пренос, додека се вози во тековниот степен на пренос. Така, едната спојка е во празен òд, додека пак другата е вклучена. Благодарение на двете влезни вратила и паметното уредување на запчениците и елементите за селекција, потоа можат да се изберат два степени на пренос во исто време. Резултатот? Менување на степените на пренос во дел од секундата - без прекинување на преносот на погонот.

Рендгенска слика на менувачот I-Shift

Kако функционира...

I-Shift се базира на „класичниот“ несинхронизиран рачен менувач – оттаму доаѓа неговиот компактен дизајн и малите внатрешни загуби. Сепак, магијата се случува во електронската контролна единица која управува со спојката и менувањето на степените на пренос. Преку проценка на информациите за брзината, масата, стрмнината на патот и потребниот вртежен момент, таа применува крајна прецизност при секое менување на степенот на пренос. Исто така, системот комуницира и со моторот, дозволувајќи му да го нагоди бројот на вртежите и сопирачките за најдобри перформанси.

Единицата со двојна спојка на менувачот

…и што додава двојната спојка

Трансмисијата со двојна спојка може однапред да го избере следниот степен на пренос, додека се вози во тековниот степен на пренос. Така, едната спојка е во празен òд, додека пак другата е вклучена. Благодарение на двете влезни вратила и паметното уредување на запчениците и елементите за селекција, потоа можат да се изберат два степени на пренос во исто време. Резултатот? Менување на степените на пренос во дел од секундата - без прекинување на преносот на погонот.

Каков I-Shift сакате?

Каков I-Shift сакате?

Софтверот овозможува да се скрои I-Shift според вашите услови на возење. Изберете од четирите дополнителни пакети – Градежништво, Дистрибуција, Превоз на долги релации или Превоз во тешки услови – како и од неколкуте опции како I-See, степени на пренос за бавно движење и дополнителна функционалност за давање погон.

Како I-See може да заштеди гориво на ридест терен

I-See: ги максимизира ефикасноста и заштедите

На ридест терен, I-Shift и I-Shift со двојна спојка работат непречено со нашата интуитивна I-See-технологија за да ви заштедат уште повеќе гориво.

Дознајте како функционира I-See
Најдете го вашиот локален дилер

Возете го

Сакате лично да ги искусите I-Shift и I-Shift со двојна спојка? Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks – тие со задоволство ќе ви ги дадат клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер