Камионот ги знае градиентите на патот пред него и му кажува на моторот и на трансмисијата I-Shift како да ја максимизира кинетичката енергија на камионот, да заштеди гориво и да го намали CO2.

Андерс Ериксон

Развоен инженер за I-See, Volvo Trucks

Видео за тоа како работи I-See

Заштеди со I-See

Погледнете колку многу може I-See да ви заштеди.

Како функционира

Како што се наближувате до рид, камионот презема информации за топографијата на патот од заедничка база на податоци. Потоа информациите се користат, преку процес од шест чекори за да се максимизира кинетичката енергија на камионот и да се намали потрошувачката на гориво до 5%.

Умешните возачи веќе го прават ова. Но, ако возите камион осум часа, веројатно тоа нема да го правите на истиот начин. Покрај I-See кој се справува со ридовите, вие можете да се концентрирате на другите аспекти на возењето.

 I-See поврзан со „облакот“

Поврзани сте со „облакот“

Како што возите, I-See користи GPRS/3G технологија за преземање податоци за ридовите во насоката на која патувате. Ако се приближите на некој рид што не е во базата на податоци (или во работната меморија на I-See), I-See ги бележи информациите за ридот, потоа ги става во облакот, така што податоците се достапни за наредниот корисник на I-See. Ова колективно знаење овозможува максимизирање на заштедата на горивото – дури и при првото минување.

Најдете го вашиот локален дилер

Се гледате себеси како заштедувате повеќе?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за разгледување на сите наши одлики и услуги за заштеда на гориво.

Најдете го вашиот локален дилер