Вградено квалитетно спиење

I-Park Cool е наменски дизајниран, фабрички инсталиран и целосно интегриран во системот за климатизација на возилото. Така, кога ќе паднат високите температури преку ноќ, тој остава грејачот за паркинг да продолжи со работата и можете да спиете на вашата избрана температура до утрото.

Уживајте во ладење со ефикасно користење на енергијата

I-Park Cool е толку ефикасен што обезбедува капацитет на ладење од 1.000 W цела ноќ без да го испразни акумулаторот. А ако сакате да направите пауза во текот на жежок ден, може да добиете бран на ладење од 2.500 W до еден час.

Полна висина за стоење во Volvo FH Globetrotter и Globetrotter XL

Задржете го просторот во кабината за себе

Последното нешто што би го направиле со дополнителниот кубен метар простор за стоење во Volvo FH е да монтираме клима-уред внатре. Затоа не монтиравме. Интегриран во системот за климатизација, I-Park Cool ви го остава целиот простор за вас.

Volvo FH16 спакуван во мраз во пустината

Не трошете ниту капка гориво

Монтирањето клима-уред на покривот може се чини вообичаена пракса, но сигурно тоа не е економично. I-Park Cool е вграден, задржувајќи ја аеродинамиката и потрошувачката на гориво точно такви какви треба да бидат.

Влечно возило Volvo FH со приколка паркирано во темнината

Имајте тивок ноќен сон

I-Park Cool е 20 dB потивок од другите системи за климатизација. Тоа значи 75% помалку перцепиран звук, подобро квалитетно спиење и порасположено утро.

Најдете го вашиот локален дилер

Време е да се оладите?

Упатете се кај лоаклниот дилер на Volvo Trucks за демонстрација на I-Park Cool и повеќе информации за високо интелигентниот Volvo FH.

Најдете го вашиот локален дилер