Преден агол на Volvo FH16 со засилен браник

Робустен дизајн

Слично на браникот на Volvo FMX, засилениот браник е направен од висококвалитетен челик со дебелина од 3 мм. Исто така, делумно е прекриен со дебел слој од полипропилен што го прави помалку подложен на гребнатини. Суперсилен и со робустен дизајн, тој ќе го заштитува вашиот камион од гребнатини, вдлабнатини и скршени фарови на секој терен.

Volvo FH16 со приколка се качува по надолнина

Зголемете го времето во возна состојба

Браникот е издржлив. Но, ако го удрите толку силно што ќе треба да се сервисира, тоа ќе да биде лесна работа. Направен од три дела, со лесно достапни шрафови, самите може да го замените секој оштетен дел – заштедувајќи посета на сервисната работилница и зголемувајќи го времето во возна состојба.

Скалило вградено во засилениот браник

Засилено скалило за влегување

Комбинирајте го засилениот браник со засилено скалило за влегување. Благодарејќи на неговиот флексибилен дизајн, скалилото на склопување може да издржи мали удари во сите насоки без да се скрши. Засиленото скалило за влегување е достапно за шасијата X-High.

Најдете го вашиот локален дилер

Чук, чук

Сакате ли да го тестирате засилениот браник? Побарајте ги клучевите од локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер