Слика од пакувањето на софтверскиот пакет за Превоз на долги релации и економија на горивото

Пакет за возило LH Fuel

• I-See, со I-Cruise
• Гаснење на моторот во празен òд
• Алтернатор за 24V, 150A
• Раздвојлив, со 2 цилиндри 900 литри/мин компресор за воздух

I-See. Далековид копилот
I-See го запомнува патот што сте го поминале. Кога возите на позната рута, тој го контролира менувањето на степените на пренос и брзината за максимално да се искористи инерцијата на камионот, што доведува до значајни заштеди на гориво.

Гасење на моторот во празен òд. Штеди гориво во мирување
Оваа паметна одлика ви заштедува гориво преку автоматско исклучување на моторот по 2,5 минути празен òд.

Алтернатор за 24V, 150A. Повеќе моќност за помалку гориво
Овој енергетски ефикасен алтернатор бара помалку гориво за полнење на акумулаторите. Тоа е особено е корисно ако трошите многу енергија, на пример, ако ја поминувате ноќта во кабината.

Одвојлив воздушен компресор
Воздушниот компресор автоматски се одвојува кога не е потребен, што доведува до помала потрошувачка на гориво.

Прочитајте повеќе за I-See
Слика од пакувањето на софтверскиот пакет за Превоз на долги релации и економија на горивото со I-See

Пакет услуги LH Fuel

• Совет за гориво
• Dynafleet: Гориво и животна средина
• Обука за возачи: Ефикасно возење

Совет за гориво
Ќе имате пристап до нашите инструктори за управување со горивото, кои се експерти за намалување на потрошувачката на гориво. Секој месец тие ќе ви праќаат опширни извештаи за горивото со персонализирани совети за тоа како да ја подобрите вашата ефикасност. Можете да добиете повеќе совети од наменското биро за помош или да се најавите на сајтот за повеќе совети и инспирација.

Dynafleet гориво и животна средина
Нашиот систем за управување со возниот парк ви овозможува да ја следите потрошувачката на гориво во реално време преку интуитивен веб-интерфејс. Анализирајте ги трендовите и откријте каде има простор за подобрување, водени од извештаите за горивото, однесувањето на возачот и влијанието врз животната средина.

Обука за возачи: Ефикасно возење
Умешните возачи имаат големо влијание врз ефикасното искористување на горивото. Курсот ефикасно возење ги учи вашите возачи како да возат ефикасно и да ги максимизираат заштедите на гориво.

Прочитајте повеќе што Dynafleet може да направи за вас
Најдете го вашиот локален дилер

Договорете подобра зделка

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе ви раскаже за зделката за горивото, чекор по чекор. Јавете им се или посетете ги

Најдете го вашиот локален дилер