Видео што ги објаснува придобивките на Stretch Brake

Сопирачката за развлекување

Кога вртите или возите на надолнина на лизгав пат, сопирачката за развлекување на Volvo FH се активира за да ви помогне да спречите превиткување. Таа работи со примена на кратки импулси на сопирање на приколката, со што се развлекува композицијата на возилото. Можете да изберете автоматско активирање на сопирачката за развлекување во опасни ситуации, при брзини до 50 km/h. Stretch Brake сега е на достапна за соло-камиони и за влечни возила.

Видео што ги прикажува придобивките од адаптивниот темпомат и предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake

Адаптивен темпомат и предупредување за судир со алармна сопирачка

Во густ сообраќај, радарски- и камера-базираниот приспособлив темпомат ви помага да одржувате безбедно растојание од возилата пред камионот преку контрола на педалот за гас и на сите достапни сопирачки. Доколку постои опасност од судир, нашиот интуитивен систем за предупредување за судар ве предупредува со проектирање светло на ветробранот. И алармната сопирачка автоматски се активира, со што значително ја намалува опасноста од сериозни повреди.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за останување на лентата

Поддршка за останување на лентата

Излегувањето надвор од лентата е честа причина за сериозни незгоди. Премногу честа, според нас. Поддршката за останување на лентата ги следи ознаките на патот со камера и ве предупредува доколку ненамерно поминете преку нив.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за алармирање на возачот

Поддршка за алармирање на возачот

Поддршката за алармирање на возачот е интелигентен систем којшто го следи вашето однесување при возење. Доколку вашето однесување се разликува од вообичаеното и покажува замор, тогаш системот ве предупредува со сигнал и порака на дисплејот и ви препорачува да направите пауза.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за менување на лентата

Поддршка за менување на лентата

Кога е активирана, поддршката за менување на лентата користи радарска технологија за да скенира дали во слепата точка на страната на совозачот има други учесници во сообраќајот. Ако не е безбедно да се смени лентата, добивате предупредување со звучен сигнал и трепкачка икона до ретровизорот на совозачот.

Видео што ги објаснува придобивките од Електронската програма за стабилизација

Електронска програма за стабилизација

Електронската програма за стабилизација (ESP) на Volvo ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката. Сега ESP е на располагање за најголемиот дел спецификации на камиони – за влечни возила и за соло-камиони.

Видео што ги објаснува придобивките на Светлото за алармната сопирачка

Алармно светло на сопирачките

Доколку нагло нагазите на сопирачките, светлата на сопирачките почнуваат брзо да трепкаат за да ги предупредат возилата зад вас – едноставен начин за избегнување судири на задната страна опасни по живот.

Пакети за активна безбедност

  Active safety Active Safety+
ESP
Адаптивен темпомат + Предупредување за преден судир
Предупредување за можна незгода со Emergency Brake
Сопирачка    
Поддршка за менување на лентата
Поддршка за алармирање на возачот  
Поддршка за останување на лентата  
O=опција
Најдете го вашиот локален дилер

Барате безбедносна надградба?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за демонстрирање на нашите седум системи за поддршка на возачот.

Најдете го вашиот локален дилер