Рендгенска снимка на воздушното потпирање GRAS-G2.

Подобрено растојание до патната подлога

Пружини. Воздушни перници. Стабилизатори. Тие традиционално беа сместени под оската, на мета на карпите и камењата. Но, не повеќе. Нашите инженери го превреа воздушното потпирање и го поставија над погонската оска. Резултатот? Добивате растојание до подлогата на листесто потпирање со комфор и ефикасност на воздушно потпирање.

Volvo FH16 со полна приколка во каменолом

Подобра влечна сила и поголема просечна брзина

Оптимизираниот притисок на секоја оска значи подобра влечна сила. И можете да го приспособите распоредувањето на оптоварувањето на оските за уште повеќе да ја подобрите влечната сила. Воздушното потпирање исто така ги намалува вибрациите во камионот – овозможувајќи ви покомфорно возење, повисока просечна брзина и зголемена продуктивност. Намаленото оштетување од вибрации, исто така го зголемува и времето во возна состојба.

Слика одблиску од стабилизаторот на потпирањето GRAS-G2.

Стабилизатори во центарот на повеќеосната група

Подобрените стабилизатори играат важна улога во новото воздушно потпирање. Превртени и поставени централно меѓу оските, тие ги пренесуваат силите од патот и приколката во најцврстииот дел на рамката за да ја подобрат стабилноста од превртување.

Слика одблиску од воздушните мешини на потпирањето GRAS-G2.

Воздушни перници монтирани на оската

Новата позиција над оската значи дека воздушните перници се заштитени и растојанието до патната подлога е подобрено.

Слика одблиску од потпирањето GRAS-G2 на каллив пат

Заштитени сопирачки

Под задната оска не стрчи ниеден дел од системот за сопирање, така што вашиот камион може да се справи со речиси секоја пречка.

Низ опсегот

Воздушното потпирање GRAS-G2 е достапно за конфигурациите на оски 4×2, 6×4 и 8×4.

Воздушно потпирање GRAS-G2

Тип Оски Оптоварување на оска/повеќеосна група Редукција Задни/подизни оски
Единечна        
RAD-G2 4x2 13 t Едностепена/во главината на тркалото  
Тандем        
RADD-G2 6x4/8X4 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
Tridem        
RADDT-G2 8x4/10x4 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (управувана)
Најдете го вашиот локален дилер

Тркалајте се со него

Направете пробно возење на FH со воздушно потпирање GRAS-G2 и ќе ја почувствувате разликата. Веднаш. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер