Дизајнот ги прославува возачите на камиони во целиот свет

Рикард Орел

Директор за дизајн, Volvo Trucks

Видео за дизајнот на кабината на Volvo FH

Дизајнирање на Volvo FH

Совршеното работно место

Одново го измисливме Globetrotter. Неспоредлив комфор внатре. Безбедност од светска класа надвор. И визуелно восхитувачки дизајн, којшто се истакнува на патот

Преглед на надворешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Изберете од над 650 бои. Сите „зелени“.

Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.

Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.

Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.

Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Ако не можете да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.

Најдете го вашиот локален дилер

Видете го. Допрете го. Возете го

Вашиот дилер може да ве прошета околу Volvo FH. И да одговори на кое било прашање во врска со неговиот ненадминат дизајн и восхитувачките одлики.

Најдете го вашиот локален дилер