VT

Истакнатата шасија

Ниту еден друг камион нема шасија како Volvo FH. Таа е прва во светот со индивидуално предно потпирање и Volvo динамичко управување. Тоа ја прави прецизен инструмент на прави делници. Како автомобил низ свиоците. И недостижна кога станува збор за контрола.

Volvo динамичкото управување исто така е достапно и на камиони со двојни предни оски, драматично намалувајќи го оптоварувањето на вратот, грбот и рамената на возачот. За да ја зголемите продуктивноста и флексибилноста, ги зголемивме оптоварувањата на двојните предни оски од 18 на 20 тони. А доколку ви е потребно максимално растојание до патната подлога, воздушното потпирање GRAS-G2 сега е достапно и за серијата Volvo FH.

Добијте повеќе информации за управувањето
Полесна од порано - шасијата на Volvo FH

Помалку е повеќе

Најголемиот дел камиони ја зголемуваат килажата за да го исполнат Euro 6. Но, не Volvo FH. Оптимизиравме неколку стандардни спецификации и го направивме полесен. Така, стандардното 4×2 влечно возило за долги релации, сега е повеќе од 100 килограми полесно од неговиот Euro 5 претходник.

Шасијата на Volvo се одликува со новото „кревање на тандем-оска“

Кревање на тандем-оската.

Вашиот Volvo FH сега е достапен со целосно новото „кревање на тандем-оска“, револуционерна одлика која овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска кога нема товар. Исто како и со tag-оска, тоа значително го подобрува радиусот на свртување и ја намалува потрошувачката на гориво.

Повеќе за кревање на тандем-оската
Пет оски, достапни директно од фабриката

Пет оски – директно од фабриката

Превезувате тешки товари? Можете да изберете камион со пет оски, испорачан директно од фабриката. Ќе го добиете камионот побрзо. Нема трошоци за реконструкција. Ќе добиете камион со целосно одобрение на типот на возило. Исто така, ќе добиете придобивки од целосна Volvo гаранција и од нашата постпродажна поддршка – што може да ги смали долгорочните оперативни трошоци.

Дознајте за нашата конфигурација 10x4
Можностите за составување на каросеријата го прават вашиот Volvo FH подготвен за секаква примена

Повеќе опции. Побрзо составување

Бројните опции за спецификација, го прават вашиот Volvo FH брз и лесен за подготовка за секоја апликација, вклучувајќи заменливи сандаци. Лесно е да се пристапи до новиот електронски модул за составувачите на каросерија, додека пак инструкциите за составувачите на каросерија на Volvo (VBI) овозможуваат онлајн пристап до сите потребни технички цртежи и шеми на ожичување.

Погледнете ги нашите Инструкции од Volvo за составувачите на каросерија

Новата основа на шасијата

Новата основа на шасијата

Шасија за влечно возило

1. Кутија за акумулатори (BBOX-L)
300 милиметри понапред од претходниот дизајн, нудејќи 100–120 литри поголем капацитет за гориво.

2. Кутија за акумулатори (BBOX-EF)
Опција за поставување назад помеѓу рамките на шасијата.

3. Резервоар за AdBlue
Може да се монтира на горната страна на рамката, зад кабината, за поголем капацитет за горивото (ADTP-BC).

4. Модулатор за снабдување со воздух
Поставен помеѓу рамките на шасијата, тој остава повеќе место за опремата што се монтира на шасијата, како на пример, резервоарите за гориво.

Шасијата на соло-камион

Шасија на соло-камион

1. Слободен простор на рамката
Опремата на шасијата може да се помести наназад за да се остави простор за ногалки на дигалка или друга опрема. (FAA10 – прибл. 500 милиметри; FAA20 – прибл. 600 милиметри).

2. Ред отвори на рамката за поставување каросерија
Горниот ред отвори е резервиран за поставување на каросеријата. Сите држачи се поместени и имаат одбојник од 8 милиметри. Не се користат заковки.

3. Подготовка за дигалка
Шасијата може да биде фабрички монтирана со плочи за дигалка.

4. Задно воздушно потпирање и краток заден крај Редизајнираниот нанапред монтиран стабилизатор за бочна крутост има способност да го намали задниот препуст – што е придобивка за примените во градежништвото, меѓуврската со машина за асфалтирање и за примените со заменливи сандаци.

Најдете го вашиот локален дилер

Ви се допаѓа? Возете го

Единствениот начин навистина да ја искусите нашата динамична, нова шасија е зад управувачот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер