Добро приспособен за превоз на смет и дистрибуција во урбаните области

Однадвор изгледа како обичен Volvo FE. Но под хаубата на новиот Volvo FE CNG се крие новиот Euro 6 мотор - погонуван исклучиво од компримиран природен гас или, по можност, компримиран биогас, со технологија на палење со електрична искра.

И тој е опремен со автоматска трансмисија. Така, може да ја очекувате истата продуктивност и возни карактеристики какви што ги добивате од обичниот Volvo FE. Но такви што се развиени да бидат совршени за кратки патувања со чести запирања и тргнувања како превоз на смет и дистрибуцијата во урбаните области. 

Многу градови ширум светот бараат алтернативи за камионите погонувани со дизел. Обновливите горива се честопати услов за добивање договори, особено кога се работи за управувањето со отпад. Со Volvo FE CNG, на компаниите кои работат во урбана средина сега можеме да им понудиме камион со значително помало влијание врз животната средина.

Кристина Ериксон

директор на алтернативни погонски групи во Volvo Trucks

Согорувањето на метанот е целосно без мирис. Плус, тој емитува многу ниски нивоа на штетни честички. Кога метанот се извлекува од биогасот - на пр., од органски материи - емисиите на јаглерод диоксид се намалуваат до 70 проценти, споредено со дизел камион. 

Всушност толку малку PM честички, што му е потребен само тринасочен катализатор. Не е потребен филтер за честички. Ниту пак АdBlue. 

Euro 6 моторот за FE CNG

Развојот кај горивото е придружен од вид на одлики што ги прават сите камиони Volvo FE моќни и сигурни.

Euro 6 моторот на FE CNG. 
Излезна моќност: 320 КС. Излезен вртежен момент: 1.356 Nm. Volvo FE CNG е достапен со 2x4 или 2x3 резервоари за гас. Резервоарите за компримиран гас се монтирани на двете страни на шасијата. Оперативниот опсег при оптимални операции на возење може да биде 400 километри за лесна дистрибуција и до 250 километри за тешко собирање смет.

Автоматска трансмисија
Како дополнување на новиот мотор на гас, Volvo FE CNG е опремен со автоматска трансмисија. Како резултат на тоа, тој дава исти нивоа на продуктивност и перформанси како обичниот Volvo FE.

Метанот е гориво коешто, долгорочно, ќе обезбеди одржлива алтернатива за дизелот. Сега останува на различните чинители во општеството да создадат правила и вистински услови за позитивен развој.

Ларс Мартенсон

Директор за животна средина во Volvo Trucks

Крива на моторот на Volvo FE CNG

G9K320 – Моќност/вртежен момент

Volvo FE CNG (Компримиран природен гас) првенствено е развиен за операции што вклучуваат скратување на циклусите на возење со постојано тргнување и запирање, како што се собирањето смет и локалната дистрибуција.

Мотор

  G9K320
Макс. излезна моќност при 2.000-2.100 вртежи/мин 320 КС (239 kW)
Макс. број на вртежи 2.200 вртежи/мин
Максимален вртежен момент при 1.300–1.400 вртежи/мин 1.356 Nm
Број на цилиндри 6
Работна зафатнина 8,9 dm3
Òд на клипот 144,5 mm
Дијаметар на цилиндерот 114 mm
Однос на компресија 12:1
Економичен број вртежи 1.200–1.700 вртежи/мин
Филтер за масло Со полн проток
Капацитет на системот за масло 27,6 l
Капацитет на системот за ладење 12,4 l
Сува маса (основен мотор) 373 kg
Системски напон - мотор 12 V
Системски напон - камион и мотор за стартување 24V
VT

Пробајте го и самите

Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да дискутира за одликите и придобивките на Volvo FE CNG со вас.

Најдете го вашиот локален дилер