Volvo FE далечински поврзан со сервисната работилница на Volvo

Volvo златен договор

Новиот Volvo FE е достапен со Златен договор за услуги. Тоа значи дека виталните системи на вашиот камион ќе бидат далечински поврзани – и надгледувани – со сервисната работилница на Volvo. А тоа значи дека ќе ве повикаме за сервисирање само кога тоа навистина му е потребно на вашиот камион. Малите проблеми можат да се идентификуваат пред да станат голем проблем. А одржувањето и поправките можат да се извршат за време на планираниот застој. Значи, вашиот камион поминува помалку време во сервисната работилница, а повеќе на патот.

Запознајте ги нашите Volvo договори за сервисирање
Volvo FE и Volvo Action Service

Volvo Action Service

Непланирано застанување среде пустелија? Јавете се на бројот на Volvo Action Service и веднаш ќе бидете поврзани со координатор на случаи. И вистинскиот сервисер со вистинските алатки, ќе тргне на пат – во секое време, кој било ден и каде било.

Иновативна безбедносна одлика на Volvo FE

Помалку незгоди. Повеќе време во возна состојба

Опседнати сме со безбедноста. Таа е во нашата ДНК. И таа е од првенствена важност кога го дизајнираме секој камион на Volvo. Колку помалку незгоди имате, толку повеќе време вашиот камион е на патот. Иновативните безбедносни одлики на Volvo FE’s го заштитуваат камионот, возачот и останатите учесници во сообраќајот.

Безбедносни одлики што го спасуваат животот
Најдете го вашиот локален дилер

Сакате да го зголемите времето во возна состојба?

Локалниот дилер на Volvo Trucks знае сè за зголемување на времето во возна состојба. Посетете го или повикајте го.

Најдете го вашиот локален дилер