Спецификации на шасијата за Volvo FE

  • Висини на шасијата
  • Меѓуоскини растојанија
  • Резервоари за гориво
  • Резервоари за AdBlue
  • Предни оски
  • Tag-оски
  • Задно потпирање
  • Подготовки за составувачот на каросерија
  • Седла
  • Сопирачки

Висини на шасијата

  Пневматици Висина (mm)
Low 315/60R22,5" 880
Med 315/70R22,5" 950
High 315/80R22,5" 1050

Меѓуоскини растојанија

Меѓуосно растојание (mm) 4×2 влечно возило 4×2 соло-камион 6×2 соло-камион 6×4 соло-камион
3200      
3500
3700  
3850      
3900  
4100    
4200      
4300    
4500  
4750    
5000  
5250    
5500  
5800    
6100    
6450    
6800      

Резервоари за гориво
Достапни се резервоари изработени од пластика, челик и алуминиум. Зафатнината на горивото се движи од 160 до 630 литри. Има две висини на резервоари во D-форма – 560 милиметри и 710 милиметри.

Резервоари за AdBlue
Резервоарот за AdBlue е направен од пластика, а зафатнината е 32 литри. AdBlue-пумпата е интегрирана во модулот на резервоарот. Постои една варијанта за возила со резервоар за гориво монтиран на десната страна (ADTP-R), и една за возила со резервоар монтиран на левата страна (ADTP-L).

Предни оски
Оптоварувањето на предната оската се движи од 7,1 до 9 тони.

Tag-оски
Тие се достапни во неколку конфигурации – фиксни со единечни или со двојни тркала, или со фиксна или управувана tag-оска. Оптоварување на оската 6,7; 7,1; 7,5; 9,5 or 10,5 тони.

Задно потпирање

Тип Комбинации на оските Тип на потпирање  Оптоварување на оска/повеќеосна група (тони)  Тип на оска  Tag-оски 
Единечна оска           
RAD-L90  4x2  Параболично/Параболично со S-пружина 13  Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-KR  4x2  Воздушно  13  Едностепена/во главината на тркалото  
Повеќеосна група           
RADT-KR  6x2  Воздушно  19/20  Едностепена/во главината на тркалото Фиксна/управувана 
RADD-BR  6x4  Параболично  21  Едностепена/во главината на тркалото  

Подготовки за составувачот на каросерија

Ред отвори на рамката за поставување каросерија
Горниот ред отвори е резервиран за поставување на каросеријата. Сите држачи во горниот ред отвори се поместени и имаат одбојник од 8 милиметри. Во горниот ред со отвори не се употребени нитни.

Подготовка на кран
Плочите за кран на шасијата може фабрички да се наместат.

Комплет за подготовка на кран
Плочите за кран на шасијата може фабрички да се наместат. Кутијата со акумулаторот се вади одзади, а плочите за фиксирање се монтираат зад кабината, на двете страни на шасијата. Комплетот за електрична подготовка – ELCRANE – е вклучен.

Седла
Во опсегот е вклучено ISO-седло со профили со L-форма на разни висини, со што се нуди значителна слобода на избор. Седлото монтирано со фланша е варијанта со мала тежина бидејќи не бара никаква плоча за прикачување. Висината на седлото над шасијата е околу 150 милиметри. Интегрираното подмачкување и индикаторот за приклученост на приколката се достапни како опција за одредени варијанти.

Сопирачки

Volvo FE има пневматски сопирачки со вентилирани дискови напред и назад. Системот за сопирање со диск-сопирачки, електронски контролиран систем за сопирање (EBS) и со систем против блокирање обезбедува побрза и побезбедна реакција на сопирање и обезбедува помало абење на сопирачките. Системот вклучува одлики како што се ABS, диференцијал и комбинирање на сопирачки. Со комбинирањето на сопирачките, системот ги користи различните сопирачки на возилото за порамномерна примена на сопирачките и помало абење и на сопирачките на тркалата и на пневматиците. Проширениот EBS пакет содржи функција којашто го олеснува тргнувањето на стрмнини. Дисковите на сопирачките се достапни во различни големини во зависност од примената.

ESP (Електронска програма за стабилизација)
ESP (ESP-BAS1) помага да се одржи стабилноста во насочувањето при тешки услови, а исто така помага во спречување на превртување.

Хидрауличен забавувач за менувачи AL306
Компактниот, интегриран хидрауличен забавувач (RET-HYDR и RET-TPT варијанти) е монтиран на менувачот.

Максималниот вртежен момент на сопирање е 1.490 Nm меѓу 800 и 1.900 вртежи/мин.

Преземи

Спецификации на шасијата

Преземете ги комплетните спецификации на шасијата како PDF.

Преземи(PDF, 2.8 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Ви се допаѓа? Возете го

Единствениот начин навистина да ја искусите нашата динамична, нова шасија е зад управувачот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер