Спецификации на кабината за Volvo FE

  • Димензии на кабината
  • Одлики на кабината

  

Димензии на кабината

Кабина Day

Кабина Day со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 1.600 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кабина Comfort

Кабината Comfort нуди дополнителен простор кој може да се опреми со кревет за едно лице или може да се користи како канцелариски простор со дополнителни прегради за складирање. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.000 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кабина Sleeper

Кабина за спиење со кревет за едно лице. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.200 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кабина со низок влез

Кабина со низок влез, со низок праг и простор за три патници со сигурносни појаси. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.200 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Одлики на кабината

Потпирање на кабината
Механичко потпирање напред и назад: пружина и амортизер. Пневматско потпирање напред и назад: воздушни перници.

Седиште за возачот
Три различни нивоа на комфор: Comfort, Standard и Economy. Сите три имаат потпирач за грбот, нагодување по должина, висина и на навалувањето нанапред како и интегрирани потпирачи за главата.

Седиште за совозачот
Достапни се три различни нивоа на комфор: Стандардно, економско или основно.

Бои на кабината
Достапни во 300 фиксни варијанти. Освен нив, може да се нарачаат дополнителни бои адаптирани од корисникот.

Управувач
Управувачот има дијаметар од 460 милиметри или 500 милиметри во зависност од конфигурацијата на камионот и може пневматски да се нагодува во саканата положба.

Oтвор на покривот
Кабината може да биде опремена со отвор на покривот што може да се отвора 50 милиметри. Достапен е како стаклен или челичен. Со отворот може да се ракува рачно или електрично.

Загревање на кабината
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола, или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, достапен е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.

Внатрешен простор за складирање
Внатрешноста на кабината има мноштво практични, лесно достапни прегради за складирање на документи и лични предмети. Има две единици за складирање над прозорецот, како и четири DIN-прегради. Како опции може да се специфицираат и неколку разни кутии за складирање, кутии во форма на тунел, подлога за пишување и закачалка за облека.

Сирени
Достапен е избор на два дополнителни типа сирени, електрична или пневматска – две пневматски сирени монтирани на покривот или една електрична сирена под предниот капак.

Кревет
Креветот се нуди во еден или во два дела и широк е 580 милиметри или 780 милиметри. Како опција има заштитна шипка на креветот.

Кабина со низок влез
Кабината со низок влез на FE овозможува лесен пристап со врата што се отвора 90 степени и рамен под, видливоста за возачот е одлична и, се разбира, поради тоа што е Volvo – безбедноста е на врвно ниво.

Преземи

Спецификации на кабината

Преземете ги сите спецификации на кабината како PDF.

Преземи(PDF, 2.1 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Чувствувајте се како дома

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.

Најдете го вашиот локален дилер