Volvo FE: помага за заштита на сите корисници на патот

Безбедна кабина на Volvo

Кабината на Volvo FE е конструирана да ве заштити вас. Но и другите учесници во сообраќајот и пешаците, исто така. Тестови на судир, тестови со удар во препрека, тестови за кршење – сите ги поминавме. Редизајнираното седиште е прикачено на подот и зајакнато. Интегрираните сигурносни појаси и потпирачите за главата обезбедуваат првокласна отпорност на удар. И нашите системи за предна и задна заштита од навлегување под камион ги спречуваат автомобилите да се забијат под камионот во случај на судар.

Запознајте ја безбедната кабина на Volvo
Електронска програма за стабилизација на Volvo

Електронска програма за стабилизација (ESP)

ESP ја зголемува безбедноста на возилото и стабилноста во насочувањето при деликатни услови и помага за да се избегне превртување. И тоа доаѓа како стандард на Volvo FE, така што вие добивате подобрени перформанси на возење и зголемена безбедност уште од старт.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за останување на лентата

Поддршка за останување на лентата

Излегувањето надвор од лентата е честа причина за сериозни незгоди. Премногу честа, според нас. Поддршката за останување на лентата ги следи ознаките на патот со камера и ве предупредува доколку ненамерно поминете преку нив.

Volvo FE: видете повеќе и бидете видени

Погледнете повеќе. Бидете видени. Бидете безбедни

Практичните ретровизори ги минимизираат слепите точки. А предните LED-светла за дневно возење го прават камионот дополнително видлив. Тоа се добри вести за вас, како и за велосипедистите во градските центри и пешаците.

Најдете го вашиот локален дилер

Бидете сериозни со безбедноста

Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да ви ја објасни секоја од напредните безбедносни одлики на Volvo FE.

Најдете го вашиот локален дилер