Нови мотори со ефикасно искористување на горивото за Volvo FE

Урбаниот мотор

Volvo FE има новодизајниран мотор. Со ефикасно искористување на гориво и со поширока, порамна крива на вртежниот момент и побрзото постигнување на моќноста (дури и при мал број вртежи), тој дава брза реакција, голема просечна брзина и одлична управливост. Така поефективно можете да минувате низ урбаните средини и да се држите до распоредот.

Запознајте го нашиот мотор D8K
I-Shift менувачот што штеди гориво

I-Shift – едноставен, сигурен и со голема ефикасност на искористувањето на горивото

За првпат, Volvo FE е достапен со I-Shift. Тој ги максимизира перформансите и ефикасноста преку следење и реагирање на масата на возилото, стрмнината на патот, брзината и забрзувањето – и заштедува гориво. Основниот софтвер може лесно да се приспособи за конкретни барања со два дополнителни пакета – Дистрибуција и градежништво или Економија.

Поздравете го I-Shift
Претплатете се на нашата услуга Совет за гориво и добијте личен инструктор за гориво

Совет за гориво – доследно намалување

Продолжете да ги постигнувате вашите цели за горивото. И гледајте како се смалуваат како што станувате поефикасни. Претплатете се на нашата услуга Совет за гориво и ќе ви доделиме личен инструктор за гориво. Со нивната редовна анализа, експертски упатства и поддршка на располагање, веднаш ќе почнете да штедите гориво и ќе се подобрувате од година во година.

Колку може Советот за гориво да ви заштеди?
VT

Откријте ја моќта што ја даваат податоците

Заедно, со Dynafleet и обуката на возачите, може да заштедите до 7% гориво.

Dynafleet - следете ја вашата ефикасност на искористување на горивото

Запознајте го нашиот интелигентен систем за управување со возниот парк. Следете ја работата на вашите камиони и возачи во реално време и гледајте ги автоматски генерираните рангирања за ефикасно искористување на горивото. Потоа, направете споредби, забележете ги трендовите и спроведете профитабилни промени за штедење гориво.

Истражете го Dynafleet >

Обука за возачи – мали промени, големи заштеди

Нашиот курс за ефикасно возење ви помага да го извлечете максимумот од секоја капка гориво. Како дел од програмата на Volvo Trucks за развој на возачите, докажаниот систематски приод создава шеми на возење со ефикасно искористување на горивото и одржливи, долгорочни заштеди и е најефикасен во комбинација со извештаите на Dynafleet.

Обука за возачи на Volvo >

Најдете го вашиот локален дилер

Започнете на вистинскиот начин

Клучот за економија на горивото е да ја имате од самиот почеток. Локалниот дилер на Volvo Trucks е експерт за заштеда на горивото. Зошто да не им побарате помош?

Најдете го вашиот локален дилер