Редизајнираното седиште на Volvo FE е сега уште побезбедно

Седнете. Врзете се. Останете безбедни

Зајакнатите седиште и прицврстување го минимизираат движењето нанапред при незгода. Редизајнираниот потпирач за вратот ја држи вашата глава стабилна и добро заштитена. А интегрираниот сигурносен појас ве заштитува со првокласна отпорност на удар. Откако вашата безбедност е средена, она што останува е да ја одберете бојата на сигурносниот појас – црна или црвена која тешко може да не се забележи?

Системите за задна заштита од навлегување под камион на Volvo FE

Ве штити вас и другите

Нашите системи за предна и задна заштита од навлегување под камион се дизајнирани да спречат забивање на автомобили под камионот при судир, намалувајќи ја можноста од повреди на патниците. А нашата електронска програма за стабилизација ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката.

Овде прочитајте повеќе за нашите системи за безбедност
Ја обезбедува најдобрата можност да се види и да се биде виден

Подобрена прегледност

Одлучете што да гледате со електрично контролираните надворешни ретровизори. Бидете повеќе видливи за другите со новите светла за дневно возење. Гледајте повеќе во ограничен простор со дополнителните странични прозорци. И надгледувајте го товарот преку задниот прозорец како опција.

Браник од три дела на Volvo FE

Браник од три дела

Челичните крајни делови му даваат на браникот одлична отпорност на удар, намалувајќи ги ризикот од оштетување и трошоците за поправка. А во случај на судир, посебните делови го изолираат ударот, така што ќе треба да ги промените само оштетените делови.

Volvo FE со напредниот, далечински контролиран алармен систем

Сигурен систем

Напредниот, далечински контролиран алармен систем помага Volvo FE да се чува безбеден. Тој лесно се активира доколку несакани гости се обидуваат да ги отворат вратите или се плеткаат околу возилото, со што ви нуди спокој кога не сте кај камионот.

Разгледајте ја опционалната опрема за безбедност од Volvo

Дополнителни безбедносни додатоци

Ви требаат флуоресцентни елеци? Преносливи светла за предупредување? Може да го опремите вашиот Volvo со какви било безбедносни додатоци што ви се потребни.

Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте за безбедносна надградба?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks. Тие ќе ви раскажат за безбедносните одлики на кабината од светска класа.

Најдете го вашиот локален дилер