I-Shift значи намален замор и фокусирање на патот и на сообраќајот

Само возете

I-Shift го прави возењето побезбедно и многу покомфорно. Нема тежок педал на спојката. Нема рачка со која ќе се борите. И секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано. Едноставноста на системот го намалува заморот и ви помага да се фокусирате на патот и на сообраќајот околу вас. Ако сакате рачно да го менувате степенот на пренос, копчето на рачката на менувачот ви дава целосна контрола врз секое менување на степенот на пренос.

I-Shift може да заштеди до 5% гориво

Штеди на гориво

I-Shift е дизајниран да штеди гориво – до 5%. Внатрешните загуби на енергија се мали – помали од оние кај рачните менувачи. Но, електрониката е таа што всушност ја прави разликата. Ако возите во економичен режим, секое менување на степенот на пренос е прецизно темпирано, обезбедувајќи моторот да работи со најефикасниот број на вртежи.

I-Shift комуницира со моторот

Како функционира

I-Shift се базира на несинхронизиран рачен менувач – оттаму доаѓа компактниот дизајн и малите внатрешни загуби. Сепак, магијата се случува во електронската контролна единица која управува со спојката и менувањето на степените на пренос. Преку проценка на информациите за брзината, масата, стрмнината на патот и потребниот вртежен момент, таа го извршува секое менување на степенот на пренос со крајна прецизност. Исто така, системот комуницира и со моторот, дозволувајќи му да го нагоди бројот на вртежите и ефектот на сопирање за максимални перформанси.

Софтверски пакети на I-Shift за секоја транспортна задача

Вашиот I-Shift

Можете да ги скроите софтверските пакети за I-Shift точно да ги задоволат вашите барања. Затоа, без разлика дали ви е потребен менувач за дистрибуција, градежништво или превоз на долги релации – има пакет што е совршен за вас.

Најдете го вашиот локален дилер

Направете паметна промена

Сакате лично да го искусите I-Shift? Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks – тие со задоволство ќе ви ги дадат клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер