Проширен опсег на излезна моќност на моторот за Volvo FE.

Сега ДО 350 КС

Моторот D8K сега е на располагање со класа на моќност од 350 кс и максимален вртежен момент од 1.400 Nm. Тој ја проширува областа на примена на Volvo FE за транспорт во дистрибуција со големи барања, за собирање смет и за лесни градежни работи. Еден камион со две или три оски, со или без приколка – Volvo FE ги има потребните моќ и вртежен момент. 

Моторите D5K и D8K се подготвени за алтернативни горива

Подготвени за алтернативни горива

Еден модел на камион. Многу горива. Volvo FE ви дава избор помеѓу неколку алтернативни горива што ќе одговараат на вашите задачи. И помагаат за животната средина.

CNG
Намалете ги емисиите на CO2 и до 70%. И одржете ја вашата продуктивност. Деветлитарскиот мотор на компримиран природен гас (CNG) дава 320 кс и вртежен момент од 1.356 Nm.

HVO
Сите мотори D8K може да работат на синтетички дизел – HVO (хидрогенирани растителни масла). Истиот камион може да работи и на обично дизел гориво.

RME
Една варијанта на моторот D8K320 може да работи на чист биодизел – RME (метил естри на масло од маслодајна репка).

Широка и рамна крива на вртежниот момент го карактеризира моторот на Volvo FE

ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ГИ НАШИТЕ ОБЛИНИ

Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Одлична реакција и максимален вртежен момент од 1.400 Nm. Споредете ги нашите криви на вртежниот момент и ќе ја видите разликата. Качете се во кабината и ќе ги почувствувате – неверојатно забрзување, одлично управување при мали брзини и првокласна влечна сила.

Погледнете ги спецификациите за погонската група
Ги погонуваат приклучоците за давање погон на вашата опрема за ракување со товарот

Приклучоци за давање погон

Ја погонуваат вашата опрема за ракување со товарот. Приклучоците за давање погон ја пренесуваат моќноста од моторот до посебните приклучоци, како што се дигалка или мешалка на цемент. Volvo FE нуди разновидни приклучоци за давање погон што можат да бидат скроени според вашите потреби.

Погледнете ги спецификациите за нашите приклучоци за давање погон

Почисти, поеколошки мотори

Нашите Euro 6 мотори се огромен скок кон почист транспорт и намалено влијание врз животната средина. Моќноста и ефикасноста на искористување на горивото се еквивалентни со Euro 5 моделите, но ние ги преполовивме емисиите на честички и ги намаливме азотните оксиди за речиси 80%.

Euro 6 решението од Volvo

Како функционира

1. Мотор
Новите компоненти на моторот го подобруваат протокот на гасовите и обезбедуваат издувните гасови да стасаат до системот за пост-третман со оптимална температура.

2. Седми инјектор
Специјален дизел инјектор се користи за управување со топлината на DOC и ја гарантира ефикасноста на филтерот за дизел-честички и добрата функционалност на SCR.

3. Дизел оксидациски катализатор (DOC)
DOC произведува NO2 потребен за филтерот за дизел-честички ефикасно да ги согори честичките. Во студени услови тој ја обезбедува и топлината потребна за обновување.

4. Филтер за дизел честички (DPF)
Филтерот ги собира и чува честичките (PM) додека не согорат за време на обновувањето. Регенерацијата настанува автоматски – не мора да преземете никакво дејство.

5. Селективна каталитичка редукција (SCR)
Во зоната на мешање, издувните гасови се прскаат со AdBlue. Кога азотните оксиди (NO2) ќе дојдат до катализаторот, тие ефикасно се трансформираат во безопасен гасовит азот и вода.

6. Катализатор на неизреагиран амонијак (ASC)
Последниот чекор пред издувната цевка каде се отстранува преостанатиот амонијак (NH3), доколку го има.

Најдете го вашиот локален дилер

Покажување моќ

Самите искусете ја брзата реакција на моторот D8K. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер