Ергономски дизајниран дел за возење

Ергономско размислување

Инструменти. Менување на степените на пренос. Команди. Простор за складирање. Во Volvo FE, сè што ви е потребно за да ја завршите работата е точно онаму каде што ви е потребно и лесно на дофат. Тоа значи помалку движење. Помалку истегнување и напрегање. На тој начин, вашите раце поминуваат повеќе време на управувачот, а вашите очи не се тргаат од патот.

Ергономски дизајниран дел за возење

Возачкото седиште

Таму го поминувате денот. Затоа, мора да е совршено. Го редизајниравме седиштето на Volvo FE за да го направиме побезбедно, поелегантно и дополнително издржливо. Подобрено е прицврстувањето. Потпирачот за глава и сигурносниот ремен сега се интегрирани. А ткаенините за тешки услови отпорни на нечистотија, исто така достапни и во винил, го дополнуваат остатокот од внатрешноста. 

Многу простор за складирање за сите ваши работи

Многу простор за вашите работи

На контролниот пулт. Во вратите. Над вашата глава. Помеѓу седиштата. Разгледајте околу во кабината на Volvo FE и ќе видите изобилство простор за складирање. Можете да додадете уште повеќе.

Преглед на внатрешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на внатрешноста на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Најдете го вашиот локален дилер

Раскомотете се

Лично искусете го ергономското размислување. Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да ви ја покаже кабината на Volvo FE.

Најдете го вашиот локален дилер