Volvo FE, член на семејството Volvo

Дел од семејството

Благо заоблен, аеродинамичен дизајн. Смелите линии и графика. Светлата со V-форма како заштитен знак. Volvo FE можеби е помал, но помал исто така значи агилност и мала тежина, две многу ценети одлики за операции во близина на градовите. Запознајте го целосно развиениот член на семејството Volvo.

Новиот изглед на Volvo FE

Белег на посебност

Во редизајнираниот Volvo FE, класичниот железен знак на Volvo е кренат од решетката на повисока, поистакната позиција. Со ова се создава впечаток на поголем ветробран, што прави возачот да изгледа поблиску до улицата, а камионот да изгледа помалку застрашувачки во густиот сообраќај.  

Кабината на новиот Volvo FE го намалува отпорот на воздухот

Дозволете воздухот да протекува

Благо заоблениот, аеродинамичен дизајн на Volvo FE го намалува отпорот на воздухот – зголемувајќи ја управливоста и заштедата на гориво. А со нејзината препознатлива шема на саќе, предната решетка дозволува поефикасен проток на воздух, олеснувајќи го подоброто ладење на моторот и процесот на пост-третман.

Преглед на надворешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Изберете од над 650 бои. Сите „зелени“.

Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.

Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.

Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.

Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Доколку не може да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.

Најдете го вашиот локален дилер

Застанете и гледајте

Сами одлучете дали Volvo FE е најубавиот камион за дистрибуција на патот. Само посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер