Камиони

Софтверски надградби

Зголемете ја моќноста, ефикасноста и перформансите на вашиот камион. Секаде, од намалувањето на емисиите и заштедата на гориво до зголемувањето на безбедноста на возачот и подобрувањето на поврзаноста, нашите софтверски надградби го отклучуваат вистинскиот потенцијал на вашиот камион. 

Далечинско преземање софтвер

Подобрената поврзаност го олеснува далечинското преземање софтвер, намалувајќи ја потребата вашиот камион да ја посетува сервисната работилницата. Новиот софтвер се презема и чува во камионот сè додека возачот не најде соодветно време за инсталација. Избраните софтверските додатоци на Volvo можат исто така да се преземат далечински за лесни и пригодни надградувања. 

Софтверски надградби

Надградете го вашиот I-Shift
 

Понепречено менување брзини. Намалени трошоци за одржување. Зголемена ефикасност на искористување на горивото. Подобра продуктивност. Во последниве години, Volvo I-Shift стана индустриски репер кога станува збор за автоматски менувач.

Исто така, можно е да го надградите софтверот за I-Shift да одговара на вашите транспортни задачи. Погледнете ги разните опции тука, дизајнирани да го направат вашиот транспортен бизнис да се одвива уште поефикасно.

Паметна погонска група, сега уште попаметна
 

Кога го правевме вашиот камион, го оптимизиравме софтверот за I-Shift за конкретна транспортна примена. Дали вашите транспортни задачи оттогаш се промениле? Или можеби најдовте половен камион со совршени спецификации за вашите потреби, освен софтверот за I-Shift?

Без грижи. Можеме едноставно да го надградиме вашиот софтвер за I-Shift да одговара на вашите потреби. Ќе ја подобрите продуктивноста, ќе заштедите гориво и ќе го намалите абењето на компонентите од погонската група.

Како да надградам?
 

Единственото нешто што е потребно за да го оптимизирате вашиот I-Shift е посета на вашиот дилер на Volvo. Тука, ние ќе го надградиме софтверот за I-Shift да им одговара на вашите транспортни задачи. Софтверот е приспособен на сертификациите за издувни гасови на вашиот мотор и на верзијата на хардверот за I-Shift.
 

Некои од придобивките на надградувањето:

  • Подобрени перформанси
  • Намалена потрошувачка на горивото
  • Покомфорно возење
  • Намалено абење на компонентите од погонската група

Кој софтвер да го изберам?

Кој софтверски пакет ѝ одговара на вашата транспортна задача? Следува прегледот на достапните пакети – имајте предвид дека за постарите верзии на I-Shift, некои од софтверските пакети се комбинирани.

Опремен за ефикасност

Поминувањето во урбани средини е полесно со I-Shift – нашиот интелигентен систем на трансмисија. Брз, непречен, тивок и вистинско задоволство за возење, I-Shift го оптимизира секое менување на степенот на пренос – зголемувајќи го ефикасното искористување на горивото и продуктивноста на возачот.

Контактирајте со нас

Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks за да ги истражите целосните спецификации и деталите за целата понуда.