Без прескокнување постапки, без изненадувања: само оригинален сервис

Врвно сервисирање

Никој не го сервисира вашиот камион на Volvo како нас. Со нас, знаете дека тоа е направено како што треба. Без прескокнување постапки. Без изненадувања. Нашите сервисери се сертифицирани експерти. Тие ги имаат сите алатки и сите системи за дијагностика и бази на податоци што им се потребни. И тие користат исклучиво оригинални Volvo делови. Со Volvo, знаете дека вашиот камион, и вашата работа, ја добиваат услугата што ја заслужуваат.

Дознајте повеќе за оригиналните Volvo делови
Спречување малите проблеми да прераснат во скапи проблеми

Превентивно одржување

Првентивното одржување е најдобриот начин да се избегнат непланирани застои. Кога вршиме сервисирање, ги менуваме филтрите, средствата за подмачкување и извршуваме широк спектар нагодувања и проверки кои ги поправаат помалите проблеми пред тие да станат поголеми и поскапи проблеми.

Повеќе за Volvo сервисните договори
Ние ве консултираме за да развиеме план на сервисирање што одговара на вашите потреби

Ваш личен план

Не веруваме само така во превентивното одржување – веруваме во неговото кроење по мерка на вашиот камион или работа. Направете го бесплатниот план за сервисирање. Потребна е само кратка консултација за да го одредите совршеното ниво на одржување за вас и да создадете распоред за сервисирање кое точно ги задоволува вашите потреби. Така, однапред ќе знаете кога вашиот камион ќе биде во сервисната работилница и колкави се трошоците.

VT

Оригинална понуда

Посетете го дилерот на Volvo Trucks за да дознаете повеќе за оригиналното Volvo сервисирање и што може тоа да направи за вашиот бизнис.

Најдете го вашиот локален дилер