Скроена, индивидуална услуга со личен печат

Скроено за вашиот камион

Тешките работни услови значат поголемо абење. Мала километража значи помало одржување. Така што, тоа што е правилно за еден камион, не значи дека е правилно и за вашиот. Со прегледување на вашите потреби, користење и бизнис, ние развиваме индивидуален распоред за сервисирање кој обезбедува дека вашиот камион ќе го добие вистинското сервисирање што му е потребно – ништо повеќе и ништо помалку.

Златниот договор

Дополнително олеснување на вашите грижи

Со план за сервисирање, однапред ги знаете времето и поправките. А договорот за услуги подобро го прави тоа. Нашите син, сребрен и златен договор за услуги покриваат сè, од превентивно одржување до комплетни поправки на камионот, давајќи ви целосна контрола на трошоците. А Volvo златниот договор за вашиот Volvo FM или Volvo FH ви нуди не помалку од 100% време во возна состојба,

Погледнете го златниот договор во целиот негов раскош

Планирање сервиси – како го правиме тоа

Чекор 1: Собираме податоци
Вашата бесплатна сесија за планирање сервиси започнува со внесување точни спецификации за вашиот камион, користењето и годишната километража, како и детали за вашите операции во нашиот систем. 

Чекор 2: Идентификуваме
Откако ќе тестираме како различните интервали на сервисирање можат да влијаат на времето во возна состојба на камионот, го одредуваме совршеното ниво на одржување.

Чекор 3: Планираме
Ги користиме вашите податоци за да направиме индивидуален план за сервисирање кој утврдува кога на вашиот камион му е потребно сервисирање и на што точно треба да се посвети внимание, така што секогаш ќе знаете што да очекувате.

Чекор 4: Сервисираме
Кога се наближува закажаното сервисирање, навремено однапред ве контактираме за да ви помогнеме да го поедноставите планирањето на вашиот возен парк. 

Чекор 5: Дотеруваме
Секој пат кога вашиот камион е во сервисната работилница, ние правиме ревизија на неговите потреби и го оптимизираме вашиот план, така што секогаш ќе го добиете максимумот од вашиот камион или возен парк.

Најдете го вашиот локален дилер

Ајде да испланираме заедно

Дилерот на Volvo Trucks ќе ви договори бесплатен план за сервисирање и ќе ви одговори на сите прашања за сервисирањето.

Најдете го вашиот локален дилер