Одржувајте го камионот во оптимална состојба и најпрофитабилен

Тоа е одлично за вашиот камион

Со цел да го одржите камионот во оптимална состојба и најпрофитабилен, тој ќе биде сервисиран од страна на сертифицирани сервисери на Volvo. Тие го имаат целосниот опсег алатки на Volvo и сите системи за дијагностика и бази на податоци што им се потребни. Тие користат само оригинални делови на Volvo. И за да се минимизираат прекините, тие секогаш се стремат да работат тогаш кога вам ви одговара. 

Планирање и цена на услуга однапред

Тоа е одлично за бизнисот

Сервисирањето кое е планирано и со цена одредена однапред ви дава поголема оперативна контрола и подобар увид во вашиот бизнис, заштедувајќи ви време и пари за администрација. Исто така, добро сервисираниот камион е посигурен и поефикасно го искористува горивото. Сето тоа го снижува вкупниот трошок за поседување и го намалува товарот врз вас, така што можете да се фокусирате на растењето на вашиот бизнис.

Изберете го совршениот договор за вас

Гарантирано 100% време во возна состојба

Volvo златен договор

Овозможете предност за вашиот бизнис со гарантирано 100% време во возна состојба, целосни поправки на камионот и целокупно превентивно одржување.

Повеќе за златниот договор
Покрива поправки на погонската група

Volvo сребрен договор

Бидете спокојни со план за сервисирање којшто покрива скапи поправки на погонската група, како и превентивно одржување.

Повеќе за сребрениот договор
Вашиот камион е покриен со договорен сервисен план

Volvo син договор

Бидете сигурни дека се води сметка за целото превентивно одржување, а вашиот камион е покриен со договорен план за сервисирање.

Повеќе за синиот договор
Сервисирање скроено за вашите барања

Започнете со план за сервисирање

Максимално време во возна состојба започнува со бесплатен план за сервисирање. Ги запознаваме вашиот камион и вашиот бизнис и работиме со вас за да го одредиме вистинското ниво на одржување. Потоа, договараме за план за сервисирање што ви помага да го добиете максимумот од секој километар.

VT

Кој договор е вистинскиот за вас?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има одговорите. Наминете или јавете им се за да го стават вашиот план за сервисирање во дејство.

Најдете го вашиот локален дилер