Кој е вашиот најдобар возач?

Резултатот за ефикасноста во искористувањето на горивото ви овозможува да го видите искористувањето на горивото на вашите возачи и нивните возила. Рангиран од 0 до 100, резултатот го покажува работењето на возачот преку четири клучни области: приспособување на брзината, користење на моторот и степените на пренос, предвидување и сопирање и застои.

Услугата Гориво и животна средина им дава на возачите моќ да преземат контрола и да ги променат нивните техники за возење додека се на патот. Потенцијално, таа може да им помогне да ја намалат нивната потрошувачка на гориво до 5%.

Јохан Рундберг

Менаџер на производи, Volvo Trucks

Резултатот од ефикасната потрошувачка на гориво овозможува да ја контролирате потрошувачката на гориво во текот на времето

Трендови и обука

Ако го знаете Резултатот за ефикасноста во искористување на горивото, тоа ќе ви дозволи детално да ги споредите перформансите на возачот. Оваа информација, комбинирана со ефективна обука за возачот, ви помага да ја контролирате потрошувачката на горивото со текот на времето.

Дознајте повеќе за нашите курсеви за обука за Развој на возачи
Извештаи за емисии: едноставно се прават и едноставно се споделуваат.

Развијте го вашиот бизнис

Подобрувањето на ефикасноста во искористувањето на горивото ги намалува трагите што ги оставате во животната средина. Прецизно документирани податоци за емисии можат да ви помогнат да најдете и да задржите клиенти кои имат свест за животната средина. Извештаите за емисии едноставно се прават и можат автоматски да бидат испратени на вашите клиенти кога ќе им бидат потребни.

Совет во кабината за ефикасно искористување на горивото со Обучување на возачот

Обучување на возачот

Дајте им го на вашите возачи советот што им е потребен да ја оптимизираат нивната техника на возење. Дури и додека возат. Обучување на возачот е функција во кабината што дава постојана анализа додека сте на патот. Таа е непроценлива и брза алатка - дизајнирана да му помогне на вашиот краен резултат. 

Клучни придобивки

  • Увид во потрошувачката на горивото, поминатото растојание, нивоата на емисии и уште многу друго
  • Анализа на работењето за ефикасно искористување на горивото на секој возач
  • Лесно читливи извештаи што ги покажуваат областите во кои може да се намалат трошоците и да се поддржи постојана заштеда со текот на времето
  • Системи за алармирање кои ве предупредуваат за значителни промени во врска со горивото и за потенцијална кражба на гориво
  • Извештаи за нивоата на емисиите кои можат автоматски да се испраќаат до клиентите со свест за животната средина
VT

Сакате да дознаете повеќе?

Нашите дилери се експери за Dynafleet. Разговарајте со локалниот дилер за да дознаете повеќе за нашата услуга Гориво и животна средина.

Најдете го вашиот локален дилер