Камиони

Го прави вашиот возен парк поефикасен

Позиционирање

Следењето на вашите камиони никогаш не било полесно. Деталните мапи ви даваат целосна контрола над вашата работа. Со услугата Dynafleet – Позиционирање, податоците за возачот и возилото можат да бидат прикажани директно на мапите, давајќи ви вам и на вашите клиенти директен пристап до информациите за испораката.

Позиции и повеќе

Постојаното ажурирање за брзината, статусот на возачот, очекуваното време на пристигнување и друго, ви олеснуваат вам – и на вашите клиенти – да имате контрола. И поради тоа што позиционирањето на камионот се снима, во секое време можете да прегледате одредена рута.

Подготвени за работа

Информацијата во реално време ви покажува кој камион најмногу одговара за новата задача. Со еден клик се добива листа на возилата што се најблиску до локацијата на преземање. Исто така, тоа ви покажува кој може да стигне до дестинацијата на испорака во текот на работната смена – а кој не.

Позиционирање+ за продуктивност

Сакате податоци за позицијата на целиот ваш возен парк во реално време? Нема проблем. Позиционирање+ обезбедува најнови податоци за локацијата на сите ваши камиони. А функцијата Геозона+ ве предупредува кога возачите ќе ги напуштат планираните рути. Напредни, глобални податоци за позиционирање во реално време - ви помагаат да останете во целосна контрола.

Следење единици

Дали сакате да ги следите вашите приколки, сервисни комбиња, контејнери и други подвижни средства? Функцијата Следење единици нуди опширен преглед на положбата на вашите средства. Функцијата е вклучена во сите услуги на Dynafleet и нуди добро дополнување на услугата Позиционирање.

Скроени информации 

Ја барате вистинската влезна шифра или потврда за навремената испорака? Поставувањето геозони обезбедува критични информации што штедат време откако камионот ќе влезе или ќе излезе од одредена географска зона – како на пример терминал.

Услугата Позиционирање

  • Ја покажува точната позиција на камионот до ниво на улица
  • Обезбедува информации за времињата, возачите, брзината, товарот и видот на возилото
  • Покажува кој од вашите камиони е најсоодветен за новите задачи
  • Обезбедува витални информации кога вашиот камион влегува во одредена географска зона
  • Го поедноставува планирањето на рутите и го олеснува наоѓањето на најбрзата рута до вашето одредиште
  • Точките за навигација од Dynafleet Online можат да бидат испратени во системот за навигација на камионот
  • Клиентите можат да го следат движењето на нивниот товар со наменско најавување за клиенти

Услугата Позиционирање+

  • Тековната позиција на возилото се ажурира во реално време, од минута во минута.
  • Известувања од возилата што ги минуваат државните граници, кориснички дефинирани рути или области со користење на функционалноста Геозона+.
  • Известувања кога е потребно, оставајќи Геозона+ да е активна за време на кориснички дефинираните временски интервали.

Совршено позициониран

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви помогне го да добиете максимумот од услугите на Dynafleet.

Можете да ги повикате. Да ги посетите. Или, ако сакате, тие ќе дојдат и ќе ве посетат.