Ви овозможува контакт со камионот

Останете во контакт

Услугата Праќање пораки обезбедува дека секогаш ќе имате контакт со камионот – без оглед кој е зад управувачот. Канцеларијата и возачот меѓусебно комуницираат преку текстуални пораки. Пораките лесно се составуваат и се покажуваат на екранот на камионот. Безжична тастатура им помага на возачите да комуницираат кога камионот не се движи. А тие можат да ги видат пораките додека возат.

Се интегрира непречено со другите системи

Интегриран со другите системи

Услугата Праќање пораки непречено се интегрира со вашите системи за налози или фактури, така што сите важни информации можат да се средуваат на истиот екран. Тоа ви дава поголема контрола и му олеснува на возачот, со тоа што неговите работни налози се јасно прикажани на екранот на камионот.

Екранот може да помогне во намалувањето на стресот и зголемувањето на продуктивноста

Потенцијалот на екранот

Екранот во вашиот камион може да испорача многу повеќе отколку пораки. Автоматското известување за времето на возење и одмор, инструкциите за возачот и навигацијата, може да го намалат стресот и да ја зголемат продуктивноста на возачот.

Клучни придобивки

  • Комуникација со возачот преку текстуални пораки во Dynafleet, SMS или е-пошта
  • Брзо праќање пораки. Ги поддржува возачите и им помага да донесат информирани одлуки
  • Економична комуникација со целиот возен парк
  • Прима пораки за дестинацијата од системот за навигација. Предвиденото време на пристигнување претставено за менаџерот на возниот парк во Dynafleet
Најдете го вашиот локален дилер

Добијте ја пораката

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви помогне да ја поставите услугата Праќање пораки. И да ви ги објасни опциите за екранот богат со одлики што се достапни во вашиот камион.

Најдете го вашиот локален дилер