Камиони

Гледајте го видеото

Управување со возниот парк секаде

Апликација Dynafleet

Допрете. Листајте. Допрете. Апликацијата Dynafleet веднаш ви дава пристап до информации за возниот парк, горивото и возачот на вашиот паметен телефон или таблет. Држете го вниманието (и прстот) на најважните податоци – потоа веднаш преземете дејство за да ги намалите трошоците и да обезбедите подобро користење на камионите во вашиот возен парк. Од секаде.

Рангирање на возачи – одлична стимулација

Апликацијата Dynafleet ги рангира вашите возачи врз основа на нивниот вкупен резултат за ефикасноста во искористувањето на горивото. Така ќе знаете кому му е потребна обука за ефикасно искористување на горивото. Возачите, исто така, можат да го следат сопствениот резултат за ефикасноста и да се споредат со други возачи. Тоа ги прави поефикасни во искористувањето на горивото кога се на пат – заштедувајќи ви пари и намалувајќи го CO2.

Преглед на контролниот пулт

Паметен телефон

Таблет

Тестирајте ја апликацијата

Дилерот на Volvo Trucks може да ви ја покаже Dynafleet на мноштво уреди. И може да одговори на кое било прашање во врска со нашиот систем за управување на возниот парк.