Услугата Гориво и животна средина ви помага да заштедите и да го намалите CO2

Гориво и животна средина

Кој е вашиот возач кој најефикасно го искористува горивото? А, на кого му се потребни обука и поддршка? Услугата Гориво и животна средина ви заштедува време за анализа на податоците за возилата и возачите. Таа покажува каде може да се направат заштеди. И ви помага да го намалите CO2.

Почнете да штедите со Гориво и животна средина
Ви помага да го одберете вистинскиот возач за вистинската задача

Времиња на возачот

Dynafleet ви помага во секој момент да имате контрола врз активностите на возачите. Видете кој возач е најсоодветен за новата задача. Добијте проактивни предупредувања за да обезбедите усогласеност со прописите за часовите на возење. И намалете го времето за администрација со автоматско преземање податоци од тахографот.

Прочитајте повеќе за услугата Времиња на возачот
Позиционирање: ве става во кругот

Позиционирање

Нема повеќе јавувања. Нема повеќе погодување. Услугата Позиционирање ви го кажува точно тоа што треба да го знаете. Од позицијата на камионот (на ниво на улица), до детални информации за возачот, брзината на камионот, товарот и типот на возилото. Таа исто така ќе ви помогне да го планирате, насочувате и водите вашиот бизнис на многу попрофитабилен начин.

Истражете ја Услугата за позиционирање
Брза, безбедна и економична

Праќање пораки

Брза, безбедна и економична, услугата Праќање пораки обезбедува вашата канцеларија секогаш да може да го контактира камионот. Таа спречува скапи недоразбирања и им ги дава на возачите информациите што им требаат за да донесат подобри одлуки кога се на пат. Можете да комуницирате колку што сакате – без оглед на локацијата на камионот.

Откријте ја услугата Пораки

Како функционира

Комплетен систем – за секој камион

Dynafleet ви дава пристап до единствени и екстремно корисни информации за вашиот камион на Volvo. Но, таа може да се вгради и во кој било камион со што ви олеснува доколку водите возен парк со различни марки на камиони.

Четирите услуги на Dynafleet може да се активираат во која било комбинација. Секоја услуга е достапна со фиксен месечен надомест вклучувајќи меѓународна роаминг комуникација.

Инсталирањето е лесно

Хардверот на Dynafleet е фабрички вграден или е дограден од дилерот на Volvo Trucks. Не е потребен дополнителен софтвер – едноставно најавете се на веб-порталот на Dynafleet за да пристапите до информациите за вашиот возен парк. Или користете ги вашиот паметен телефон или таблет за ажурирање од каде било.

Информации и складирање

Информациите за возилото и возачот се испраќаат во базата на податоци на Dynafleet каде што се анализираат и ви се прикажуваат преку лесно читливи извештаи. Вашата канцеларија и возачот можат меѓусебно да комуницираат преку текстуални пораки. И вие можете да ги интегрирате вашите системи за налози или фактури со Dynafleet.

VT

Совршен пакет

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви помогне да го најдете пакетот на Dynafleet кој најмногу ви одговара вам и на вашиот бизнис.

Најдете го вашиот локален дилер