Камиони

Безбедно возење

90% од незгодите се предизвикани од човечки фактор. Затоа, обуката за безбедност е повеќе од здрав разум. Таа е суштинска. 

Нашиот курс за безбедно возење се заснова на многугодишното знаење од Истражувачкиот тим на Volvo за незгоди. Ќе научите да ги избегнувате незгодите, да го минимизирате ризикот и да ги користите нашите безбедносни одлики до нивниот целосен потенцијал. И поради тоа што секој бизнис се соочува со различни предизвици за безбедност, ние може да ја приспособиме содржината за да одговара на вашите потреби.

Материјали за курсот
 

  • Главни причини за незгоди
  • Како да ги спречите сообраќајните незгоди
  • Возење во тешки услови 

Придобивки од курсот
 

  • Зголемена свесност за ризиците 
  • Зголемена безбедност за вашите возачи и останатите корисници на патот 
  • Намален ризик за сообраќајни незгоди и повреди на патот 
  • Намален ризик за оштетување стоки и имот

Детали за курсот
 

  • Часови за CPC
  • Метод на обука
  • Цена на курсот
  • Референци за курсот

Станете побезбеден возач

За да ги откриете времето и локацијата на нашиот следен курс и за да закажете курс, контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks.