Мали промени. Големи добивки
Развој на возачите
Начинот на кој возите влијае на вашиот камион, неговите перформанси и вашиот краен резултат. Малите промени прават голема разлика. Нашите курсеви за обука ви помагаат да ги направите вистинските промени. Тие ве учат како да заштедите гориво, да спасите животи и да го добиете најдоброто од вашиот камион.

Подобрете го вашиот краен резултат
Најбрзиот и најлесен начин да го подобрите крајниот резултат е преку менување на навиките при возење. Со подобрување на начинот како го забрзувате и сопирате камионот и со користење на одликите на камионот, може веднаш да заштедите до 10% гориво. Зголемувањето на безбедноста и избегнувањето незгоди, како и намалувањето на абењето, ќе заштедат уште повеќе пари и време.
Нашите курсеви се внимателно дизајнирани да ги учат возачите како може најдобро да ги искористат одликите и услугите на камионот, но исто така го подобруваат и знаењето за индустријата, што помага при управувањето на возилото со поефикасно искористување на горивото, побезбедно и попаметно, што ја зголемува продуктивноста.

Совет кој се исплати
Врз основа на децениски истражувања и искуството на Volvo и водени од инструктори специјалисти, нашите курсеви за обука комбинираат теорија и практична обука. Нашите камиони за обука се опремени со најновата технологија за заштеда на гориво и безбедност. И секој курс може да биде приспособен на вашите потреби или потребите на вашата компанија.
Секој курс е со должина од 7 часа и е создаден да ги исполни барањата од 35 часа на Сертификатот за професионална компетентност на возачот (CPC).
- Курсевите се базирани на децениски истражувања и искуства
- Веднаш ќе видите подобрувања во економијата на горивото, безбедноста и абењето
- Курсевите ги исполнуваат прописите во ЕУ (важат за CPC)
- Нашите камиони за обука ги користат најновите одлики и услуги
- Инструкторите се вешти специјалисти на Volvo Trucks
- Дополнителните услуги, како што се Dynafleet и Совет за гориво помагаат да ги подобрите вашите резултати
- Курсевите редовно се ажурираат, така што ќе останете пред конкуренцијата.