Предизвик за возачи на Volvo Trucks 2018

Добре дојдовте во Предизвикот за возачи на Volvo Trucks 2018, нашиот најтежок натпревар за вештини. Сè се однесува на возачот. И важната улога што ја играат возачите кога станува збор за безбедноста, ефикасното искористување на горивото и продуктивноста. Да, кога се работи за целокупниот успех, возачот игра важна улога. 

Придружете се на предизвикот!

Дали сте подготвени за најголемата можност во вашиот живот? Сакате ли да ви биде дадена шанса да ја претставувате вашата земја и да се натпреварувате за да станете светски шампион на Предизвикот за возачи на Volvo Trucks 2018? Направете го тоа. Обратете се кај најблискиот дилер за повеќе информации.

 

Жена возач, Предизвик за возачи

Уникатен натпревар

Предизвикот за возачи на Volvo Trucks ги истакнува возачите кои прават уметност од безбедното и продуктивно возење со ефикасно искористување на горивото. Годинава очекуваме да учествуваат повеќе од 12.000 возачи од 44 пазари во светот. На секои две години, се собираат најдобрите камионџии во светот, внимателно избрани преку локални натпревари или номинации. Победникот од секој пазар се квалификува за учество во возбудливото светско финале во Шведска. 

Добре дојдовте во Предизвикот за возачи на Volvo Trucks 2018. Кој ќе биде следниот светски шампион?

Возач мавта, безбедност на децата, Предизвик за возачи

Безбедност

Дали знаевте дека околу 35 % од сериозните повреди или смртните случаи во незгодите во кои се вклучени камиони се ранливите корисници на патот, како што се децата или велосипедистите? Возачот има важна улога. Животите се во прашање. Во Volvo Trucks, безбедноста отсекогаш била приоритет. Добар пример е нашата програма за развој на возачите, којашто вклучува обука за побезбедно возење. После сѐ, поверојатно е дека вештиот и внимателен возач ќе избегне воопшто да се случи несреќа.

Прочитајте повеќе за безбедноста
Камион, параглајдер, ефикасност на горивото, Предизвик за возачи

Ефикасно искористување на горивото

Дали знаевте дека возачот може да влијае на потрошувачката на гориво до 30 %? Да се биде возач е голема одговорност. Не само во поглед на подобрување на крајниот резултат, туку и при намалување на издувните гасови. А секогаш има и место за подобрување. Во Volvo Trucks, ние сме посветени на поддршка на возачите на секој можен начин. I-Shift и услугите како Dynafleet и нашата програма за развој на возачите им овозможуваат значително да ги подобрат нивните вештини.

Прочитајте повеќе за ефикасно искористување на горивото
Продуктивност на камионот по нагорнина, Предизвик за возачи

Продуктивност

Дури и мало зголемување во продуктивноста има големо влијание на крајниот резултат. А возачот игра важна улога. Испитувањата покажуваат дека е поверојатно дека искусниот возач ќе ја заврши секоја задача безбедно и поефикасно, а истовремено подобро ќе се грижи за камионот. За да го поддржиме возачот, развивме технички иновации како Volvo динамичко управување како и нашата програма за развој на возачите.

Прочитајте повеќе за продуктивноста
Трка со камиони, Предизвик за возачи

Светско финале

Светското финале на Предизвикот за возачи на Volvo Trucks ќе се одржи во Гетеборг, Шведска, домот на Volvo Trucks на 13 и 14 септември 2018 година. Тука, ќе се соберат најдобрите возачи од целиот свет и ќе ги покажат своите светски вештини, натпреварувајќи се за титулата Светски шампион. Овој возбудлив дводневен настан на вештини, прецизност и забава ќе се одржи во Центарот за искуство на Volvo Trucks. Учесниците може да очекуваат многу инспирирачки активности, семинари и, се разбира, кулминацијата на натпреварот – официјалната церемонија за доделување награди каде што ќе се прогласат победниците на Предизвикот за возачи на Volvo Trucks 2018, по што ќе следува голема забава за прослава.