Камиони

ПРИВАТНОСТ

Volvo Group сериозно ја сфаќа приватноста. Ја вреднуваме довербата која ни ја давате кога ни ги давате вашите лични информации. Секогаш ќе ги користиме вашите лични информации на начин кој е фер и достоен на довербата.

 Секогаш ќе бидеме транспарентни со вас во врска со тоа кои информации ги собираме, што правиме со нив, со кого ги споделуваме и кого да го контактирате доколку имате какви било грижи.

Генерална приватност на веб-страницата

Можете да ја користите веб-страницата за универзумот на Volvo Group без да мора го откривате вашиот идентитет. Подолу се дадени детали за информациите кои стандардно ги собираме кога пристапувате на веб-страници. Доколку се регистрирате за која било од нашите услуги или нè контактирате преку формуларот за контакт, ќе добиете детални информации за тоа како вашите податоци се обработуваат во врска со вашата регистрација.

Детали за идентитетот и контакт на контролорот и службеникот за приватноста на групацијата

AB Volvo („VOLVO“), како контролор на личните податоци, е одговорен за обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас според законите и регулативите за заштита на податоците што се на сила.

Доколку имате прашања во врска со обработката на вашите лични податоци, контактирајте го службеникот за приватност на групацијата VOLVO на gpo.office@volvo.com или преку пошта или на телефон на:

AB Volvo, Att: Group Privacy Office, Dept AA14100, VGHQ, SE-405 08 Göteborg, Шведска 

+46 (0)31 66 00 00 

Кои категории на лични податоци ќе ги обработува VOLVO, за која намена се и врз основа на кои закони?

Кога пристапувате до веб-страницата на VOLVO, вашиот веб-прелистувач технички е конфигуриран автоматски да ги пренесе следните податоци („податоци за евиденција“) до нашиот веб-сервер, кои ние потоа ги зачувуваме во датотеки за евиденција:

  • Датум на пристап
  • Време на пристап
  • Интернет-адреса на веб-страницата од која сте преупатени
  • Преземена датотека
  • Количество на пренесени податоци
  • Тип и верзија на веб-прелистувач
  • Оперативен систем
  • ИП-адреса
  • Името на доменот на вашиот интернет-оператор

Овие информации се само такви кои не дозволуваат да бидете идентификувани. Овие информации се потребни за технички намени, за да може правилно да се испорача бараната содржина, а собирањето на информациите е неизбежен аспект на користењето на веб-страниците. Податоците за евиденција се анализираат единствено за статистички намени со цел подобрување на нашата веб-страница и нејзината функционалност. Volvo ќе ги обработува вашите лични податоци врз основа на легитимниот интерес според законите. Легитимниот интерес на VOLVO го вклучува интересот за управување со веб-страниците во согласност со фер деловните практики и за одржување на достапноста и функционалноста на веб-страниците. 

Колачиња
Користиме колачиња и пиксели за следење, за да собираме податоци во врска со вашето користење на веб-страницата и за да ја прилагодиме веб-страницата на потребите на корисниците. Собирањето на овие податоци за користењето на веб-страницата и создавањето на кориснички профил се одвива анонимно со користење на идентификација и колаче. Корисничките профили ги создаваме и складираме само во анонимна форма и не ги поврзуваме со вашето име или со која било друга информација, како вашата адреса на е-пошта, што може да го открие вашиот идентитет.

Колачињата не може да се користат за вклучување на програми или праќање вируси на вашиот компјутер. Информациите што се содржат во колачињата помагаат во поедноставување на навигацијата и во олеснување на правилниот приказ на нашите веб-страници.

Секој веб-страница си има своја изјава за колачиња, каде вие како корисник можете да ја видите точната употреба на колачињата за таа определена страница. 

Проследување на податоци до трети страни

VOLVO може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци или доколку се бара со закон или регулатива, да ги сподели вашите лични податоци со друга компанија на Volvo Group, вклучувајќи и компанија надвор од Европската унија или Европската економска област (ЕУ/ЕЕО). VOLVO исто така може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци, да ги сподели вашите лични податоци со компании или снабдувачи на трети страни надвор од ЕУ/ЕЕО.

Работиме со различни даватели на услуги за да имате пристап до веб-страниците на Volvo Group. VOLVO ќе обезбеди да биде поставена соодветна заштита која обезбедува соодветни нивоа на заштита на вашите лични податоци како што бараат применливите закони за заштита на податоците. .

Врски до други веб-страници

Нашите веб-страници може да содржат врски до други веб-страници. Немаме никакво влијание врз усогласеноста или неусогласеноста на операторите на тие страници со одредбите за заштита на податоците.

Колку долго VOLVO ќе ги чува вашите лични податоци?

VOLVO ќе ги чува вашите лични податоци онолку долго колку што е потребно да се исполнат целите поради кои личните податоци се собираат. 

Вашите права за заштита на податоците

Имате право да барате од VOLVO информации за личните податоци обработени за VOLVO и пристап до тие лични податоци. Исто така, имате право да барате исправка на вашите лични податоци доколку се неточни и да барате бришење на вашите лични податоци. Понатаму, имате право да барате ограничување на обработката на вашите лични податоци, што значи дека барате VOLVO да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под определени околности.

Исто така имате право на приговор на обработката базирана на легитимен интерес или обработката за директен маркетинг. Исто така имате право на преносливост на податоците (пренос на вашите лични податоци на друг контролор) доколку обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO се базира на согласност или договорна обврска и е автоматска. 

Исто така имате право до надзорен орган да поднесете какви било поплаки кои може да ги имате во врска со обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO.