Изјава за веб-колачињата

1. Изјава за веб-колачињата
1.1. За веб-колачињата
Веб-сајтовите користат паметни и корисни техники за да го подобрат пријателскиот однос кон корисникот и да го направат сајтот колку што е можно поинтересен за секој посетител. Една од најдобрите техники вклучува веб-колачиња. Веб-колачињата може да се користат од страна на сопствениците на веб-сајтот или трети страни, како на пример, огласувачите кои комуницираат преку веб-сајтот што го посетувате.

Веб-колачињата се мали текстови што веб-сајтовите ги ставаат во компјутерот на корисникот. Исто така, информациите од колачињата може да се користат и за следење на вашето пребарување на други веб-сајтови што ги користат истите веб-колачиња.

Веб-колачињата се класифицирани според траењето и според тоа кој ги поставува.

Сметаме дека е важно да бидете информирани за веб-колачињата што ги користи нашиот веб-сајт и за какви цели тие се користат. Целта е трикратна: сакаме да ја гарантираме вашата приватност, пријателскиот однос кон корисниците и финансирањето на нашиот веб-сајт најдобро што можеме. Следново објаснување ќе ви каже повеќе за веб-колачињата што се користат на и преку нашиот веб-сајт и за какви цели.

2. Како Volvo Group и/или неговите бизниси и брендови користат веб-колачиња
Volvo Group користи веб-колачиња за да води статистика за посетителите и да прибира информации за вашите преференции додека се движите низ веб-сајтовите. Нашата цел за користење веб-колачиња е да се подобри користењето на сајтот за вас, како посетител.

3. Веб-колачиња и нивната функционалност
Различните типови веб-колачиња се користат за различни цели.
Подолу е дадена листа на најчестите типови веб-колачиња и за што се користат.

3.1. Веб-колачиња на сесија
Веб-колачето на сесија времено се чува во меморијата на вашиот компјутер додека посетувате некој сајт, на пример, за да се запомни кој јазик сте го избрале. Веб-колачињата на сесија не се складираат долго време во вашиот компјутер и секогаш се бришат кога ќе го затворите веб-прегледувачот.

3.2. Трајни веб-колачиња или колачиња за следење
Трајното веб-колаче чува датотека во вашиот компјутер подолго време. Овој тип веб-колачиња има датум на траење. Трајните веб-колачиња им помагаат на веб-сајтовите да ги зачуваат информациите за вас и вашите поставки за следниот пат кога повторно ќе ги посетите во иднина. Резултатот е побрз и полесен пристап, на пример, не мора повторно да се најавувате.

Кога ќе помине датумот на траење, веб-колачето автоматски се брише кога ќе се вратите на веб-сајтот што го креирал.

3.3. Веб-колачиња на првата страна
Овие веб-колачиња ги поставува самиот веб-сајт (истиот домен како и во лентата за адреса на веб-прегледувачот) и може да ги чита само тој веб-сајт. Овие веб-колачиња обично се користат за чување информации, како вашите преференции, за да се користат кога повторно ќе го посетите сајтот.

3.4. Веб-колачиња на трета страна
Овие веб-колачиња ги поставуваат домени што се различни од доменот покажан во лентата за адреса, од страна на организација која не е сопственик на сајтот.

Веб-колачиња на трета страна можат да бидат веб-колачињата кои, на пример, се користат за прибирање информации за реклами и кориснички приспособена содржина и за веб-статистика.

Бидејќи веб-колачињата на трета страна овозможуваат генерирање подетални истражувања на навиките за пребарување на корисникот, се смета дека тие се почувствителни од аспект на интегритетот. Затоа, повеќето веб-прегледувачи ви дозволуваат да ги приспособите вашите поставки да не се прифаќаат веб-колачиња на трета страна.

4. Листа на веб-колачиња поставени од Volvo Group

Име на веб-колаче Цел
Анализа на Adobe  
AMCV_###@AdobeOrg Ова веб-колаче се користи да идентификува единствен посетител.

Датум на траење: 2 години
s_cc JavaScript го поставува и го чита ова веб-колаче за да се одреди
дали се овозможени веб-колачиња (едноставно поставено на „Точно“).

Датум на траење: Кога ќе се затвори веб-прегледувачот
s_sq

JavaScript го поставува и го чита ова веб-колаче кога е овозможена функционалноста ClickMap. Тоа содржи информации за претходниот линк што го кликнал корисникот.

Датум на траење: По посетата

s_vi Ова веб-колаче се користи да идентификува единствен посетител

Датум на траење: 2 години
s_fid Ова веб-колаче се користи да идентификува единствен посетител.

Датум на траење: 2 години
Optimizely  
optimizelyEndUserId Го содржи уникатниот идентификатор на крајниот корисник. Тој е комбинација од податок за времето и случаен број.

Датум на траење: 10 години
optimizelyBuckets Складира информации во врска со варијациите на страниците кои еден посетител ги прегледал. Ова обезбедува корисникот постојано да ја гледа истата варијација во текот на повеќе сесии.

Датум на траење: 10 години
optimizelySegments Складира информации за публиката и димензиите на корисникот (на пример веб-прегледувач, кампања, мобилен, тип на извор, вообичаени димензии).

Датум на траење: 10 години
optimizelyRedirect Се користи за да помогне при управување на специфични случаи во А/Б и насочени експерименти.

Датум на траење: 10 години
optimizelyPendingLogEvents Се користи за да помогне при управување на специфични случаи во А/Б и насочени експерименти.

Датум на траење: 15 сек
Hotjar  
_hjClosedSurveyInvites Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе се поврзе со модалниот скокачки прозорец со покана за анкета. Тоа се користи за да се обезбеди дека истата покана нема повторно да се појави, ако веќе е прикажана.

Датум на траење: 1 година
_hjDonePolls Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе го заврши анкетирањето со користење на додатокот Feedback Poll. Тоа се користи за да се обезбеди дека истата анкета нема повторно да се појави, ако веќе е пополнета.

Датум на траење: 1 година
_hjMinimizedPolls Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе го минимизира додатокот Feedback Poll. Тоа се користи за да се обезбеди дека додатокот останува минимизиран кога посетителот навигира по вашиот сајт.

Датум на траење: 1 година
_hjDoneTestersWidgets Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе ги поднесе информациите во додатокот Recruit User Testers. Тоа се користи за да се обезбеди дека истиот образец нема повторно да се појави, ако веќе е пополнет.

Датум на траење: 1 година
_hjMinimizedTestersWidgets Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе го минимизира додатокот Recruit User Testers. Тоа се користи за да се обезбеди дека додатокот останува минимизиран кога посетителот навигира по вашиот сајт.

Датум на траење: 1 година
_hjDoneSurveys Ова веб-колаче се поставува откако посетителот ќе ја заврши анкетата. Тоа се користи само за да се вчита содржината на анкетата доколку посетителот се уште не ја завршил анкетата.

Датум на траење: 1 година
Анализа на Google  
__utmb На некои од нашите веб-сајтови и веб-страници користиме Анализа на Google за собирање статистички податоци. Ова веб-колаче ја одредува сесијата на посетителот.

Датум на траење: По посетата.
__utma Ова веб-колаче идентификува единствени посетители

Датум на траење: Две години по поставувањето/ажурирањето.
__utmz Ова веб-колаче ги следи изворите и навигацијата на посетите.

Датум на траење: Шест месеци по поставувањето/ажурирањето.

5. Листа на веб-колачиња на трета страна

Име на веб-колаче Цел
__stid
__uset
__stacxiommap
__stgmap
__stamap
__stdlxmap
ShareThis е софтвер на трети лица што се користи на веб-сајтот, кој дозволува посетителите да ги споделуваат препорачаните страници од веб-сајтот на Volvo на социјалните мрежи
UID
UIDR
Користиме веб-ознаки на ScorecardResearch за собирање податоци, како што се податоци за нови наспроти повторни посетители, податок за времето, URL и насловот на веб-страницата. Означувањето со ScorecardResearch не се користи за идентификување на корисникот што ја посетува страницата. Освен тоа, податоците собрани преку ScorecardResearch се користат само во збирна форма. Со други зборови, извештаите што се креираат од овие податоци нема да покажат дека Компјутерот 1 одел од сајт А до сајт Б, до сајт В. Наместо тоа, извештаите секогаш се базираат на целата збирка од различни компјутери, што значи дека извештаите содржат информации како „67% од целата Интернет-популација била на сајт А“, или „35% од поединците кои биле на сајт А, исто така биле и на сајт Б“.
demdex Ова веб-колаче се користи од Анализа на Adobe за да помогне во идентификувањето на единствен посетител низ домените. Веб-колачето demdex се поставува на demdex.net доменот на трети лица во веб-прегледувачот. Овој домен е одвоен од сајтот кој тековно е посетен од корисникот.


6. Управување со веб-колачињата

6.1. Како да ги прегледате веб-колачињата

Бидејќи веб-колачињата се обични текстуални датотеки, тие можат да се прегледаат со голем број од програмите за уредување или обработка на текстови. Може да отворите веб-колаче со кликање на него. Подолу е дадена листа на врски за тоа како да ги прегледате веб-колачињата во различни веб-прегледувачи. Доколку користите друг веб-прегледувач, побарајте ги информациите за веб-колачиња на тој веб-прегледувач. Доколку користите мобилен телефон, за повеќе информации погледнете го прирачникот за употреба.

Firefox
https://support.mozilla.org/en-US/kb/cookies-information-websites-store-on-your-computer

Chrome
https://support.google.com/chrome/bin/answer.py?hl=en&answer=95647&topic=14666&ctx=topic

Internet Explorer 8-11
http://windows.microsoft.com/en-US/internet-explorer/delete-manage-cookies


6.2. Оневозможување/овозможување или бришење веб-колачиња
За да ги ограничите или блокирате веб-колачињата, може да го направите тоа преку поставките на веб-прегледувачот.

Доколку воопшто не сакате веб-страниците да ставаат веб-колачиња во вашиот компјутер, може да ги приспособите вашите поставки на веб-прегледувачот, така што ќе бидете известени пред да се стави некое веб-колаче. На истиот начин можете да ги приспособите поставките, така што вашиот веб-прегледувач ќе ги одбива сите веб-колачиња или само веб-колачињата на трета страна. Исто така, можете да отстраните кои било веб-колачиња што веќе се ставени. Имајте предвид дека одделно треба да ги поставите поставките за секој веб-прегледувач и компјутер што го користите.

Ве молиме имајте предвид дека доколку не сакате веб-колачиња, не можеме да гарантираме дека нашиот веб-сајт правилно ќе функционира. Може да се изгубат некои функции на сајтот и нема да можете да видите одредени веб-сајтови. И уште поважно, одбивањето веб-колачиња нема да значи дека повеќе нема да гледате реклами. Туку рекламите нема да бидат скроени според вашите интереси и почесто ќе се повторуваат.

Секој веб-прегледувач има различен метод за поставување на поставките. Доколку е потребно, побарајте ја функцијата „помош“ на вашиот веб-прегледувач за правилно да ги поставите поставките.

За да ги оневозможите веб-колачињата на вашиот мобилен телефон, погледнете го прирачникот за употреба за повеќе информации.

Повеќе за веб-колачињата можете да прочитате на Интернет, http://www.aboutcookies.org/

7. Други/непредвидени веб-колачиња
Имајќи го предвид начинот на кој функционира Интернетот и веб-сајтовите, немаме секогаш увид во веб-колачињата што се ставаат од трети страни преку нашиот веб-сајт. Ова особено се однесува на случаи во кои веб-страницата содржи т.н. вградени елементи: текстови, документи, слики или куси филмови што се складираат кај другата страна, но се покажуваат на, во или преку нашиот веб-сајт.
Затоа, доколку наидете на такви веб-колачиња на овој веб-сајт што не сме ги набројале погоре, ве молиме да нè информирате. Или директно контактирајте ја третата страна и прашајте какви веб-колачиња тие ставаат, причината за тоа, животниот век на веб-колачето и како тие ја гарантираат вашата приватност.

8. Контакт
Поради промените што можат да настанат во нашиот веб-сајт или во прописите за веб-колачињата можеби ќе треба повремено да ги приспособиме овие изјави. Го задржуваме правото во секое време без претходно предупредување да ги менуваме содржината на изјавите и наведените веб-колачиња. За последната верзија, може да ја погледнете оваа веб-страница.

Доколку сè уште имате прашања и/или забелешки, контактирајте нѐ тука.