Активност што е лесна за користење и им покажува на велосипедистите како
да се однесуваат кога се среќаваат со камион во сообраќајот.

Повеќето сообраќајни несреќи се должат на човечки фактор

Разлика што значи живот

Безбедноста е приоритет на Volvo Trucks уште од самиот почеток. Во текот на истражувањата и анализите, стана јасно дека повеќето сообраќајни несреќи се должат на човечки фактор. Затоа, покрај развојот на многу иновативни безбедносни функции за нашите производи, сакаме да направиме и повеќе.

Нашата цел е да ја подигнеме свеста за видливоста во сообраќајот

See and be seen

Нашата цел е да ја подигнеме свеста на луѓето за нивната видливост во сообраќајот. Кампањата ги истакнува ситуациите кога се вклучени велосипедистите и другите корисници на патот и покажува како да се однесуваме кога ќе се сретнеме со камион во сообраќајот.

Едукативниот комплет е бесплатен и достапен за сите. На пример, наставниците може да ги применат вежбите со нивните ученици, а менаџерите може да ги користат како деловна активност.

Има прирачник за имплементирање на вежбата во надворешни услови

Едукативниот комплет

Инспиративниот комплет „See and be seen“ се состои од упатство за корисникот, презентација во PowerPoint и прирачник за безбедно изведување на вежбите надвор со камион.

Кога активностите ќе завршат, убав гест е да се поделат подароци, како на пример, рефлектирачки елеци за да се промовира безбедноста во сообраќајот.

Преземете го едукативниот комплет

Едукативниот комплет(ZIP, 870 MB)