Спасуваме животи повеќе од 50 години

Околу половина од сите смртни случаи поврзани со камионите може да се избегнат со користење сигурносен појас. Од витално значење е секоја нова генерација на возачи да разбере колку важен изум е тоа. Бидејќи спасувањето животи ни е поважно од сѐ друго.

Volvo Trucks, глобални лидери за безбедност

Со ноќниот режим, возачите имаат опција веднаш да ги исклучат сите непотребни заднински светла на контролниот пулт со притискање на едно копче. Резултатот е помалку отсјај во видното поле на возачот и помалку одвлечено внимание од рефлексиите на ветробранот и страничните ретровизори. Најмногу одговара за возачите на долги релации при ноќно возење и при враќање наназад и маневрирање во тешки временски услови или сложена околина, како при прикачување или откачување приколки.

СПРЕЧУВАЊЕ СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Нашите иницијативи за активна безбедност се дизајнирани да ги избегнуваат грешките што предизвикуваат 90% од сите сообраќајни незгоди. Затоа, им помагаме на нашите возачи да видат повеќе. Помагаме да им е удобно и да бидат фокусирани. И ги опремуваме нашите камиони со системи и технологија што ја креваат безбедноста на следното ниво.

Намалување на повредите

За жал, несреќи се случуваат. Затоа нашите иницијативи за пасивна безбедност се фокусираат на минимизирање на ризикот од повреда кога ќе се случат. Како резултат на тоа, се концентрираме на правење камиони што им даваат на возачот, патниците и останатите корисници на патот колку што е можно поголема заштита.

Кампања што ја покажува важноста на „See and be seen“

Кампања што ја покажува важноста на

See and be seen

Дознајте повеќе и преземете го едукативниот комплет
Најдете го вашиот локален дилер

Видете ја безбедноста од прва рака

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви ја покаже секоја извонредна безбедносна одлика и да одговори на сите прашања што ги имате во врска со безбедноста.

Најдете го вашиот локален дилер